Шпагети со спанаќ и фета сирење по италијански рецепт - прсти да излижете
Италија е позната по вкусната храна - што значи овој брз рецепт за тестенини и спанаќ нема да ги изневери вашите очекувања.
Дали некогаш сте го пробале овој италијански рецепт за шпагети со спанаќ, фета сирење и ореви? Ако обожавате тестенини со песто, тогаш дефинитивно мора да го подготвите овој рецепт – вкусот ќе ве воодушеви.
Кога не е сезона на спанаќ, можете да го замените со блитва или босилек.
Како да го подготвите?
Потребни состојки (за 3-4 лица):
- 100g фета сирење
- 4-5 ореви
- 2 шолји спанаќ
- 1 цело чешне печен лук
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка бибер
- 1 лажичка буковец (по вкус)
- 5 лажици маслиново масло
- 150g шпагети
- 1 чаша вода во којашто се вареле тестенините
За декорација:
- 1 парче леб
- 4-5 ореви
Начин на подготовка:
- Измешајте ги спанаќот, фета сирењето, оревите, печениот лук и маслиновото масло заедно со зачините во блендер за да се изедначи смесата.
- Во меѓувреме сварете ги тестенините според упатството на ќесичката.
- Во тава ставете ги сварените шпагети и прелијте ги со сосот од спанаќ.
- Додајте и 1 чаша од водата во која се вареле тестенини и добро промешајте. Не грижете се ако сосот во овој момент изгледа малку редок, оставете да отстои 5 минути и ќе се згусне.
- За украсување, направете домашна крцкава презла од леб и ореви. Изматете ги во блендерот, па ставете ги на жежок оган во нелеплива тава. Мешајте ги додека презлата не стане крцкава и кафена.
- Кога ќе остине, прелијте ги шпагетите и послужете ги.
- Доколку сакате, наместо да подготвувате презла од ореви, стамо украсете го ручекот со парчиња ореви.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...

Направете сами: Крцкава пита со чоколаден крем и ф’стаци
Чоколадо и ф’стак се навистина совршена комбинација. Затоа, подгответе ја оваа б...

Рецепт за најубавите домашни принцес крофни
Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...