Како да подготвите јемиста, полнети домати, по традиционален грчки рецепт (чекор по чекор упатство)?

Како да направите вкусни полнети домати со мелено месо и ориз? Идеално летно јадење за целото семејство, подготвено по традиционален грчки рецепт.

kako-da-podgotvite-jemista-polneti-domati-po-tradicionalen-grchki-recept-chekor-po-chekor-upatstvo-01.jpg

Полнетите пиперки и домати се едно од омилените летни јадења на Балканот во текот на летото, а новинарката Анета Констандинес за Insider го сподели традиционалниот грчки рецепт, по кој нејзиниот татко со години наназад подготвува јемиста – полнети домати со мелено месо и ориз.

Зборот „јемиста“ на грчки значи полнето, а со него се означува оброкот што најчесто се состои од полнети пиперки и домати.

Како се подготвува?

Потребни состојки:

  • 8 поголеми домати;
  • 450g јунешко мелено месо;
  • ½ кромид (ситно исечкан);
  • 150g ориз;
  • 50g магдонос (ситно исечкан);
  • 1 чешне лук;
  • 2 мала лажичка сол;
  • ½ лажичка црн бибер;
  • Малку маслиново масло.

Начин на подготовка:

  • Доматите се мијат и со остар нож се засекува делот со рачката, но не се фрла затоа што ќе ви треба подоцна;

    kako-da-podgotvite-jemista-polneti-domati-po-tradicionalen-grchki-recept-chekor-po-chekor-upatstvo-02.jpg

  • Со лажица се вади внатрешноста на доматите и се става во процесор за храна или блендер и се прави сос;

    kako-da-podgotvite-jemista-polneti-domati-po-tradicionalen-grchki-recept-chekor-po-chekor-upatstvo-03.jpg

  • Од издлабените домати се цеди вишокот течност и се ставаат во плех за печење и се посолуваат со малку сол;

    kako-da-podgotvite-jemista-polneti-domati-po-tradicionalen-grchki-recept-chekor-po-chekor-upatstvo-07.jpg

  • Во тава се става малку маслиново масло и се загрева на средна температура на рингла;

    kako-da-podgotvite-jemista-polneti-domati-po-tradicionalen-grchki-recept-chekor-po-chekor-upatstvo-20.jpg

  • Во тавата се пржи кромидот, додека да омекне и потоа се додава мелено месо, сол, црн бибер и малку сечкан магдонос. Сите состојки се мешаат и се пржат додека месото да добие кафеава боја;

    kako-da-podgotvite-jemista-polneti-domati-po-tradicionalen-grchki-recept-chekor-po-chekor-upatstvo-10.jpg

  • Кога месото ќе се испржи, му се додава измиен ориз и сосот од домати и се остава да крчка на рингла околу 5 минути, или додека оризот да ја впие течноста во тавчето;

    kako-da-podgotvite-jemista-polneti-domati-po-tradicionalen-grchki-recept-chekor-po-chekor-upatstvo-06.jpg

  • Со лажица доматите се полнат со смесата, но не се преполнуваат затоа што оризот ќе порасне со печењето;

    kako-da-podgotvite-jemista-polneti-domati-po-tradicionalen-grchki-recept-chekor-po-chekor-upatstvo-05.jpg

  • Доматите се затвораат со врвовите, во тавчето се додава околу 1 чаша вода (250ml) и малку маслиново масло;

    kako-da-podgotvite-jemista-polneti-domati-po-tradicionalen-grchki-recept-chekor-po-chekor-upatstvo-08.jpg

  • Доматите се ставаат да се печат на температура од 180 степени Целзиусови, а потребно им е околу 1 час и 15-тина минути да се испечат.

    kako-da-podgotvite-jemista-polneti-domati-po-tradicionalen-grchki-recept-chekor-po-chekor-upatstvo-12.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg