Летен ручек по рецептот на нашите баби: Похувани пиперки со растопено сирење
-->
Наместо да ги пржите, овие пиперки се подготвуваат во рерна, а ќе ви се допаднат затоа што нема да пливаат во масло.
Мирисот на печените пиперки и сосови со зеленчук се нешто што многумина ги враќа во детството и кујната на баба, а со овој рецепт ќе направите вкусни похувани пиперки од кои тече растопено сирење и кашкавал.
-->
Српската блогерка Јелена Коцмановиќ на својот Инстаграм профил сподели рецепт за летен ручек што сигурно ќе ви се допадне.
Рецептот е едноставен и можат да го направат и оние што се целосни почетници во кујна.
Потребни состојки:
- 6 печени пиперки;
- 2 јајца;
- 250g сирење;
- 150g кашкавал;
- Малку брашно;
- 200g презла;
- малку масло (за попрскување).
Начин на подготовка:
- Пиперките се мијат, се чистат од семки и се ставаат на плех обложен со хартија за печење;
- Рерната се загрева на 220 степени Целзиусови, а пиперките се ставаат на најгорната решетка и по неколку минути се вадат и се превртуваат;
- По неколку минути, откако ќе се испечат, пиперките се вадат, се ставаат во сад и се затвораат со капак за да омекнат;
- Кога ќе се оладат, пиперките се лупат и се сечат по должина само од едната страна;
- Во длабок сад се меша сирење и кашкавал, во друг сад се става малку брашно, во трет се мешаат јајцата, а во четврт се става презла;
- Во отворените пиперки се става мешавина од кашкавал и сирење, се преклопуваат, па се валкаат во брашно, па се потопуваат во јајца и на крај се валкаат во презла;
- Пиперките се распоредуваат на плех обложен со хартија за печење, се попрскуваат со малку масло и се печат 10-тина минути на температура од 200 степени Целзиусови.
Видео упатство:
-->
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
-->