Тортиља со кашкавал во Air Fryer - Има 5 состојки, се прави за 10 минути (видео)

За да направите сочна тортиља со кашкавал во Air Fryer ќе ви требаат само 5 состојки. Ова вкусно предјадење се подготвува за само 10 минути, а се јаде топло.

sochna-tortilja-so-kashkaval-vo-air-fryer-ima-5-sostojki-a-se-podgotvuva-za-samo-10-minuti-video-01.jpg

Тортиљата со кашкавал се подготвува брзо, а можете да ја послужите со кечап, салца, гвакамоле сос, а вкусна е и без никаков додаток.

Потребни состојки:

  • 2 тортиљи со средна големина;
  • 2 лажици путер или маргарин;
  • лук во прав (по вкус);
  • 75-100g рендан кашкавал;
  • микс од италијански зачини или сушен магдонос (по вкус).

sochna-tortilja-so-kashkaval-vo-air-fryer-ima-5-sostojki-a-se-podgotvuva-za-samo-10-minuti-video-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Двете тортиљи премачкајте ги со по 1 лажица путер или маргарин;
  • Врз нив наросете од лукот во прав;
  • Изрендајте го кашкавалот и ставете го врз тортиљата (за да ја покрие рамномерно целата површина);
  • Повторете ја постапката и со втората тортиља;
  • Ставете ги двете тортиљи една врз друга, па ставете ги во Air Fryer на 180 степени околу 5-6 минути;
  • Пресечете ги на 4 дела и послужете ги топли.

Видео упатство:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg