Рецепт за војнички грав – Во што е тајната на популарното јадење од поранешна Југославија?
Наместо сувомеснат производ ќе треба да користите говедско месо исечкано на коцкички, а запршката ја додавате кога гравот ќе биде целосно сварен. Која е тајната за незаборавниот вкус на војничкиот грав што во минатото се служел во касарните?
Како да подготвите вкусен грав по војнички рецепт што ќе им врати спомени на вашите најблиски? Подгответе го ова јадење и ќе дознаете во што е тајната и зошто толку често оние што служеле воен рок зборуваат за гравот што го јаделе додека биле таму.
Сите состојки за подготовка на овој рецепт се добропознати и се карактеристични за кујните во регионот.
Разликата е во тоа што за овој рецепт се користи говедско месо, наместо сувомеснати месни производи или колбаси. Секако, изборот е ваш, па можете да го користите она месо што вам повеќе ви се допаѓа.
Исто така, овој рецепт е со запршка, која ќе му даде густина на гравот, но неа мора да ја ставите при крај за да не ви се распаднат зрната и гравот да не стане каша.
Потребни состојки:
- 120g грав;
- 1, 5 големи лажици брашно;
- 25g црвен кромид;
- 1 чешне лук;
- 10g морков (ситно исечкан или изрендан);
- 1 мала лажичка доматен сос;
- 100g говедско месо (ситно исечкано на коцкички);
- 20g масло за јадење;
- Малку буковец;
- Малку црн бибер;
- Прстофат сув магдонос;
- Еден сув ловоров лист;
- Сол по вкус.
Начин на подготовка:
- Гравот се потопува во вода и се остава да кисне од 1 до 3 часа. Потоа се процедува и се става во тенџере со чиста вода и се вари 10 до 15 минути, додека да зоврие;
- Во меѓувреме на малку загреано масло се динста половина од ситно исечканиот кромид и целиот морков, па се додава исечканото говедско месо;
- Месото и зеленчукот се динстаат додека во целост не испари течноста, а потоа се трга од оган и се остава настрана;
- Гравот се процедува откако ќе зоврие, па му се додава уште половина исечкан кромид и динстаното месо со зеленчукот. Се прелева со топла вода, додека сите состојки не бидат прелеани и се вари со повремено додавање вода, додека сите состојки не омекнат;
- Во тавче се става малку масло и брашното се пржи додека не порумени;
- Брашното се трга од оган, па му се додава црвен пипер и ситно исечкан лук;
- На омекнатиот грав му се додаваат преостанатите зачини, малку доматен сос растворен во топла вода и се става претходно подготвената запршка;
- Гравот се остава да се вари на средна температура уште 20 до 30 минути, а по потреба може да му се додаде уште малку сол.
Б. С. Б. | Црнобело
фото: depositphotos.com