Направете вкусни чоколадни брауни колачиња со капини - прсти ќе излижете

Кога ќе се спојат вкусно црно чоколадо и капини, ќе добиете идеален десерт – чоколаден брауни колач со освежителен вкус.

chokoladni-brauni-kolachinja-so-kapini-01.jpg

Чоколадните колачи им се омилени на многумина. Особено кога се комбинирани со овошје.

Овојпат избравме едноставен рецепт за чоколадни брауни колачиња со капини. 

chokoladni-brauni-kolachinja-so-kapini-02.jpg

Подготовката на чоколадните брауни колачиња е лесна.

Ќе ви требаат околу 20 минути за подготовка и дополнителни 20 до 25 минути за печење.

chokoladni-brauni-kolachinja-so-kapini-02_1.jpg

Потребни состојки:

  • 100g путер
  • 150g темно чоколадо искршено на коцки
  • 3 јајца
  • 100g шеќер
  • 65g брашно
  • 3 лажици какао
  • ½ лажичка прашок за печиво
  • Прстофат сол
  • 120g капини (свежи или смрзнати)

chokoladni-brauni-kolachinja-so-kapini-04.jpg

Начин на подготовка:   

  • Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. На дното на тава со димензии 20х20cm ставете хартија за печење, а ѕидовите премачкајте ги со путер и брашно за да не се залепи колачот.
  • Путерот стопете го на среден оган и пред да почне да врие, додајте го чоколадото што сте го искршиле на коцки.
  • Мешајте без престан додека да се стопи чоколадото и да добиете мазна смеса, па тргнете го садот на страна за смесата да почне да се лади.
  • Во посебен сад ставете ги јајцата и шеќерот и матете околу 1 минута.
  • Во изматените јајца додадете ја чоколадната смеса која треба да биде млака - ни многу топла ни целосно изладена.
  • Додајте ги сувите состојки – брашното, какаото, прашокот за печиво и малку сол.
  • Смесата спојте ја мешајќи со лажица, а не со миксер. Кога ќе добиете мазна смеса, додадете ги скоро сите капини.
  • Откако ќе ја ставите смесата во тавата за печење, одозгора ставете ги останатите капини (доволно ќе ви бидат 12-15 капини) за декорација.
  • Печете го колачот 20 до 25 минути, или додека да добие крцкава кора, а внатрешноста да остане мека.
  • Кога ќе се испече, оставете го да се излади, па послужете го.   

chokoladni-brauni-kolachinja-so-kapini-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чоколадни бомбици од смеса за готова торта Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
Рецепт за совршени чоколадни колачиња со портокал Совршен вкус на чоколадо и портокал кој се топи уште од првиот залак... Соврш...
Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...
За љубители на кафе: Браунис колачиња што се топат во уста  Браунис колачиња со вкус на еспресо - има ли подобар десерт за љубителите на чок...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg