За велигденската трпеза: Печено јагнешко со млади компирчиња, по грчки рецепт
Меко одвнатре, а крцкаво однадвор. Како да го подготвите јагнешкото месо за Велигденската трпеза по автентичен грчки рецепт?
Овој рецепт за јагнешко месо е меѓу омилените во Грција, а со него ќе подготвите вкусен велигденски ручек за 5 до 6 лица.
Традиционално, ова јагнешко се подготвувало во фурна на дрва и плехот се запечатувал со тесто, но може да го подготвите и во рерна, а плехот да го прекриете со алуминиумска фолија.
Исто така, ако користите млад компир, можете само добро да го измиете и да не го лупите.
Како да подготвите вкусно јагнешко месо по грчки рецепт?
Потребни состојки:
- 1,5kg јагнешки бут;
- 1,5kg млади компири (со средна големина);
- 2 чешниња лук;
- 200g домати;
- 10 шери домати;
- 1 лажица сол;
- Свежо мелен црн бибер;
- 1 лажица оригано;
- 3-4 гранчиња рузмарин;
- 2 сочни лимони (1/2 чаша сок од лимон);
- Сол;
- 100g путер;
- 180ml маслиново масло;
- 1 чаша вода.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови;
- Компирите се мијат и се сечат на половинки;
- Јагнешкото месо се мие, па на две места се засекува со нож и внатре се ставаат чешнињата лук;
- Јагнешкото и компирите се ставаат во подлабок плех, па се зачинуваат со сол, бибер и оригано;
- По ова се додаваат исечкани домати, путер, маслиново масло и вода, а празните места во плехот се пополнуваат со шери доматчиња и се ставаат гранчињата рузмарин;
- Плехот се покрива со алуминиумска фолија и се става да се пече околу 2,5 часа на температура од 200 степени Целзиусови;
- Плехот се вади од рерната и внимателно се отстранува алуминиумската фолија (внимавајте да не се изгорите од пареата);
- Полека се превртуваaт од другата страна месото и компирите и се враќа во рерна;
- Температурата на рерната се намалува на 180 степени Целзиусови и месото се пече уште половина час или додека да добие златно-кафеава боја.
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Рецепт за најубавите домашни принцес крофни
Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...

Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари
Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...