Вкусна домашна пилешка паштета по рецепт на Гордон Ремзи
Домашната пилешка паштета е традиционално француско јадење кое се послужува на багет со свеж копар или магдонос. Одлична е за опуштени забави со друштво или семејни закуски.
Паштетата од пилешки дроб е и еден од омилените намази на светскиот готвач Гордон Ремзи, кој го сподели својот рецепт со јавноста, а ги откри и трите најважни трикови за совршена домашна пилешка паштета.
Според Ремзи, најважно е да добиете мека текстура и свиленкаст намаз. Тоа ќе го постигнете со следниве три правила.
1. Потопете ги џигерите во млеко еден до два часа пред да ги исцедите и исечкате. Ова ќе го намали интензивниот вкус на пилешкиот дроб.
2. За да добиете мазна паштета, наместо намаз со зрнеста текстура, не го преварувајте црниот дроб. Гответе ги џигерите додека не поруменат, па извадете ги од водата.
3. Ако не да ја јадете паштетата веднаш, завиткајте ја во најлонска фолија и ставете ја во фрижидер.
Потребни состојки:
- 250g пилешки џигери
- 1 чаша (200ml) полномасно млеко
- 100g несолен путер
- 1 мал кромид (мелен)
- 1 чешне лук (мелено)
- 4 лажички (20ml) коњак
- 2 ловорови листа
- ½ лажичка сечкани свежи листови од мајчина душица
- Сол и црн пипер по вкус
Начин на подготовка:
- Исчистете ги пилешките џигери од жилите и маснотијата, па исечкајте ги на половинки и ставете ги во сад;
- Прелијте ги со млеко и оставете ги да отстојат 1-2 часа;
- Растопете малку путер во голема тава на средна топлина, па додадете го мелениот кромид;
- Гответе околу 2-3 минути да омекне;
- Додајте го и лукот па гответе уште само 1 минута;
- Во тавата додадете ги и исечканите џигери и мешајте додека месото да порумени;
- Зголемете ја температурата, па во тавата додадете ги коњакот и ловоровите листови;
- Гответе ги џигерите со често мешање додека не испари поголемиот дел од течноста и се згусне сосот;
- Извадете ги ловоровите листови од тавата и оставете ги на страна;
- Содржината на тавата ставете ја во процесор за храна или блендер;
- Во смесата додадете ги и мајчината душица, солта и биберот и преостанатиот путер, па блендирајте додека сè не се изедначи;
- Ставете ја пилешката паштета во фрижидер да се излади околу 1 час или додека не се стегне;
- Послужете ја со парчиња багет, украсена со магдонос или свеж копар.
А. Ј. | Црнобело