Џин-тоник со праска – освежителен пијалак за топлите денови што мора да го пробате
Доволно е да додадете само неколку парчиња праска за омилениот летен коктел да стане уште повкусен.
Поради суптилниот вкус, џинот е одличен за приготвување алкохолни коктели и лесно можете да го комбинирате со секакви вкусови.
Праските и нектарините, пак, се синоним за лето, па се одличен додаток во летните коктели.
Џин-тоникот е можеби еден од најпопуларните коктели и е мошне едноставен за приготвување, а ако му додадете и праска, ќе добиете навистина вкусен пијалак кој ќе ве освежи во топлите денови.
Потребни состојки:
- 1 мала праска или нектарина
- 2 лажици сок од лимета
- 60 милилитри џин
- Тоник
- Неколку ливчиња свежо нане
Начин на подготовка:
- Измијте ја праската и исечете ја на тенки парчиња.
- Во шејкер ставете ги праската и сокот од лиметата и добро промешајте за да се измешаат вкусовите.
- Додајте го џинот и повторно добро промешајте.
- Во чаша ставете неколку коцки мраз и истурете го пијалакот од шејкерот. На крај додајте го тоникот и украсете со ливчиња нане и нови исечени парчиња праска.
Спирова С. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен
Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома?
Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот)
Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...
Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко
Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...
-->
-->