Разбиваме 9 митови за природните сокови - дали лечат настинки и заменуваат оброк?
Дали зелените сокови можат да заменат цел оброк, дали сокот од портокал лекува настинки и дали сокот од грозје содржи алкохол - колку вистина има во популарните верувања за природните сокови и нивните придобивки?
Помеѓу многуте теории и правила за здрав живот, едно од главните е дека во секојдневната исхрана треба да внесете природни сокови како витамински додаток.
Но, колку се здрави природните сокови, дали треба да се пијат со оброк или можат да заменат цел појадок?
Разбиваме 12 најчести митови:
Мит: Зелениот сок може да замени цел оброк.
Вистина: Точно е дека зелениот сок помага во апсорпција на хранливите состојки, па би требало да се консумира заедно со здрав оброк. Но, не може да замени цел оброк.
Мит: Сокот од портокал лечи настинки.
Вистина: Добриот имунитет зависи од многу фактори, освен од витаминот Ц, со кој е богат овој сок. Па, сокот од портокал нема да ви ја излечи настинката.
Мит: Сокот од портокал на гладен стомак е добар.
Вистина: Сите цитрусни пијалаци може да создадат киселини, па дури и да предизвикаат гастритис ако се пијат на празен стомак.
Мит: Сокот од лубеница помага во опоравување на мускулите.
Вистина: На мускулите им се потребни додатоци како магнезиум, калциум и фосфор, кои можат да се добијат само од правилна исхрана богата со протеини.