Божиќ во чаша! Од чоколадно и скандинавско, до бело – 6 најдобри рецепти за варено вино

Варено бело вино со кардамом

Состојки за 4 лица:

  • 1 литар бело вино (на пр. Шардоне)
  • 1 + 1/2 чаша сок од јаболко
  • 1/3 чаша мед
  • 1/3 чаша суво грозје
  • Сечкан портокал
  • Сечкано јаболко
  • 4 стапчиња цимет
  • Стапче од ванила
  • 1 лажица кардамом
  • 1 лажичка каранфилче
  • 1 лажичка ѓумбир

Начин на подготовка:

Сите состојки се ставаат во длабока тава, тенџере или бокал, се мешаат и се варат околу 15 минути.

6-najdobri-recepti-za-vareno-vino (4).jpg

Скандинавско варено вино

Вареното вино се нарекува Glögg во Скандинавија и најчесто се прави од црвено вино, каранфилче, морско оревче, цимет и шеќер.

Состојки за 4 лица:

  • 1 литар црвено вино
  • 1 рака суво грозје
  • 1 рака печени бадеми
  • Кардамом, каранфилче, цимет, кора од портокал

Начин на подготовка:

  • Сите состојки се ставаат во тенџере и се оставаат 24 часа пред да се сварат.
  • Преостанатиот пијалак загрејте го на тивок оган, додајте шеќер и малку рум по желба.

6-najdobri-recepti-za-vareno-vino (5).jpg

Варено „вино“ за деца (без алкохол)

Состојки за 4 лица:

  • 500ml сок од портокал (може свежо цеден или да се употреби купечки)
  • 500ml сок од јаболко
  • 1l вода
  • 4 ќесички овошен чај по желба
  • 1 стапче цимет
  • 2 каранфилчиња
  • Портокал и јаболко
  • Свежо цеден сок од лимон
  • 7 лажици мед

Начин на подготовка:

  • Во литар вода додајте цимет и каранфилче и варете додека водата не зоврие.
  • Тргнете ја водата од оган, додајте ги кесичките чај и сокот од јаболко и портокал.
  • По неколку минути извадете ги кесичките чај, уште еднаш загрејте сè до вриење, додајте сок од лимон и мед.
  • Додајте исечени јаболка и портокали по желба.

6-najdobri-recepti-za-vareno-vino (6).jpg

Ви препорачуваме да послужите домашна штрудла или божиќни колачиња со вареното вино. И секако, „понесете“ си многу добро расположение и загрејте се со варено вино!

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg