Вкусно смути со модри сливи - помага во подобрување на дигестијата и во борбата со килограмите
Пазарите се преполни со свежи модри сливи, а со оглед на тоа што ова овошје е одличен природен лаксатив, тие се одлични за сите оние што имаат проблем со варењето на храната.
За смутито од сливи се вели дека ќе ве наполни со енергија, го зголемува имунитетот, а дополнително помага и во загубата на килограми.
Погледнете како да го подготвите:
Потребни состојки:
- 3 поголеми сливи;
- 60ml сок од јаболко;
- 25g смрзнати боровинки;
- Цимет по вкус;
- Коцки мраз.
Начин на подготовка:
- Сливите се мијат, им се вадат семките и се сечкаат на коцки;
- Исечканите сливи, сокот од јаболка, смрзнатите боровинки, циметот и коцките мраз се ставаат во блендер и се матат додека не се добие еднаква смеса;
- По ова, готовото смути се става во чаша. Можете да додадете уште неколку парченца исецкани сливи и да уживате во овој освежителен пијалак.
Б. С. Б. | Црнобело/
фото: depositphotos.com/ pexels.com
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак)
Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак
Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми
На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко
Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...
-->