Есента има вкус на коктел со џин и јаболко – ќе го поправи и најлошиот ден

Имате лош ден, лоша недела, лоша година? Доколку се пронајдовте во една или сите три категории, го имаме пијалакот кој ќе ги ублажи последиците од стресот.

Koktel-so-dzin-i-jabolka-01.jpg

Оваа есен има вкус на јаболка – и џин! Совршена комбинација на два едноставни вкуса комбинирани во пијалак кој ќе ви стане омилен:

Потребни состојки:

  • 120 ml џин
  • 120 ml сајдер од јаболко
  • 30 ml сок од лимета
  • 60 ml разреден мед со вода (1/4 шолја мед + ¼ шолја врела вода)
  • Прстофат цимет

За декорирање:

  • Гранчиња мајчина душичка
  • Стапчиња цимет
  • 1 свежо јаболко, исечкано на тенки парченца

Начин на подготовка:

  • Направете го разредениот сируп со мед. Ставете ги наведените количини мед и топла вода во тегла и мешајте со затворен капак додека медот не се растопи.
  • Помешајте го џинот, сајдерот од јаболка, сокот од лимета, сирупот од мед и циметот во шејкер со мраз. Мешајте го шејкерот додека пијалакот не стане ладен од мразот.
  • Наполнете 2 коктел чаши и додадете ги сечканите тенки парченца свежо јаболко. Декорирајте со гранчиња мајчина душица и стапчиња цимет.

Koktel-so-dzin-i-jabolka (4).jpg

Koktel-so-dzin-i-jabolka (3).jpg

Koktel-so-dzin-i-jabolka (2).jpg

Koktel-so-dzin-i-jabolka (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
3 рецепти за греено вино (што ќе ве стоплат во студените ноќи) Сте пробале ли греено вино со капини или со јаболка? Пробајте нови рецепти за ом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg