Рецепт за ајурведски пијалaк за подобар имунитет во ладните денови
Ајурведската медицина е традиционална индиска медицина која претставува една од најстарите медицински системи бидејќи постои околу 3000 години.
Се базира на холистички поглед кон здравјето, односно го гледа телото како еден целосен систем, додека добросостојбата и здравјето зависат од воспоставениот баланс меѓу телото, умот и духот.
Кога балансот во нашиот организам е нарушен, тогаш настанува болест. Најважна е превенцијата, односно да се одржува рамнотежата и доброто здравје на дневно ниво.
Следниот рецепт за златно млеко е одличен пијалак за есенскиот период, поради здравствените придобивки кои ги нудат состојките меѓу кои:
1. Главната состојка е куркумата, која многу често се користи во ајурведата токму поради антивоспалителните и антиоксидантните својства.
2. Штити од срцеви заболувања поради тоа што овој пијалак го намалува нивото на холестеролот во крвта и ги заштитува крвните садови.
3. Присуството на сиров ѓумбир има антиканцерогени својства, што важи и за зачините цимет и куркума.
4. Ве заштитува од настинки и го подигнува имунитетот поради своите антибактериски и антивирусни својства, бидејќи активните состојќи се борат со инфекциите во телото и го спречуваат размножувањето на бактерии.
5. Ја подобрува дигестијата.
Потребни состојки:
- 1/2 шолја млеко
- 1 лажица куркума
- 1 лажица рендан ѓумбир
- 1/2 лажица цимет
- Малку бибер
- 1 лажица мед (по избор)
- 1/2 лажичка кокосово масло (по избор)
Подготовка:
Загрејте го млекото. Само што ќе зоврие, тргнете го од оган. Додадете ги сите состојки освен медот и мешајте на ниска температура 2-3 минути. Потоа, оставете пијалакот природно да почне да се лади, па на крај додадете го медот.
Консумирајте го пијалакот додека е уште млак.
Медот не треба да се додава додека е жежок пијалакот, бидејќи топлиот мед ја менува својата форма и е потежок за дигестија. За веганска варијатна може да користите млеко од бадем, а наместо мед додадете малку шеќер.
На здравје!
А. Т. | Црнобело