Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Хавајска „Кона“: Едно од најскапите кафиња на светот

„Кона“ е вид кафе што расте исклучиво на Хаваите. Ова кафе е од сортата Арабика и е познато по својот благ и ароматичен вкус.

havajska-kona-edno-od-najskapite-kafinja-vo-svetot-01.jpg

Климата на овие острови е совршена за овие растенија – во периодот на растење, од август до јануари, има сонце и дожд, а во сушниот период има многу сончеви денови. Од јануари до мај се појавуваат цветовите нa кафето, а од мај до август дрвата добиваат зелени плодови кои зреат во текот на целата сезона.

Најчесто кафето се бере рачно бидејќи плодовите не созреваат истовремено. После берењето се отстранува пулпата, се ферментира внатрешноста на плодот и на крај се суши на сонце. После сушењето, зрната кафе се печат.

havajska-kona-edno-od-najskapite-kafinja-vo-svetot-02.jpg

Се смета дека кафето стигнало до хавајскиот регион Кона во 19-тиот век. Наводно, било донесено од Бразил од свештеникот Семјуел Раглис.

Во тој период плантажите со кафе ги раководеле богатите земјопоседници, но поради глобалната промена на пазарот за кафе во 1890-та година, повеќето од овие плантажи биле затворени. Тогаш почнале да се појавуваат мали, семејни плантажи, кои најчесто ги обработувале јапонски имигранти.

Денес ова кафе го произведуваат околу 600 помали производители.

havajska-kona-edno-od-najskapite-kafinja-vo-svetot-03.jpg

Годишно се произведуваат околу 1,3 милиони килограми Кона кафе. Но, бидејќи неретко кафето се меша со други, поевтини видови, се продава 9 пати поголема количина.

На овој начин се намалуваат трошоците за производство, а препознатлива арома на Кона кафето останува. Сепак, некои истражувања покажале дека постојат многу лажни брендови на Кона кафе, а оригиналот можат да го препознаат само искусните.

havajska-kona-edno-od-najskapite-kafinja-vo-svetot-04.jpg

Цената на оригиналното Кона кафе е околу 70 долари за еден килограм. Ова хавајско кафе го инспирирало и познатиот писател Марк Твен кој напишал:

„Ниту едно кафе нема таква богата арома како Кона, без разлика каде расте или како го нарекувате.“

Како да приготвите шолја Кона кафе?

Постојат неколку работи на коишто треба да обрнете внимание за вистински да го почувствувате богатиот вкус на ова хавајско кафе.

Најпрво, купете што е можно посвежо кафе. Доколку можете да најдете, купете зрна што се испечени неодамна. Свежо печеното кафе има „свеж“ вкус кој трае од 3 до 4 недели, па најдобро е да го употребите во овој период. Кафето чувајте го во добро затворен сад, на темно и студено место. Доколку треба да го чувате подолг период, ставете го во фрижидер. Најдобро е да купите зрна кафе и да ги измелете дома.

havajska-kona-edno-od-najskapite-kafinja-vo-svetot-05.jpg

Без разлика кој метод на приготвување ќе го одберете, внимавајте водата да не биде зовриена, туку на температура од околу 90 степени. Исто важен е и материјалот на садот во којшто ќе го приготвувате и послужите кафето бидејќи може да има влијание врз вкусот.

Исто така најдобро е веднаш да го испиете кафе, бидејќи после 20 минути тоа започнува да го губи вкусот. Немојте да го загревате веќе изладеното кафе бидејќи и ова има влијание врз неговиот вкус. Доколку сепак сакате да го пиете подоцна, ставете го во термос или добро затворен сад.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кромид лате“ - Би го пробале ли кафето кое (наводно) ќе биде хит во 2025-та? Еден од коментарите за овој пијалак е: „Не, кромидот нека остане во супата! Сака...
Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
ПМС, холестерол - За што сè е добар чајот од маточина? Чајот од маточина има пријатен вкус, а нуди цела низа здраствени придобивки - од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg