Како со џин-тоник да се заштитите од комарци и уште 10 тајни за кралот на проѕирните пијалаци
Џинот е еден од попознатите жестоки пијалаци, но сигурно не ги знаете неговите скриени тајни коишто може да ви бидат особено корисни.
Доколку џинот во комбинација со тоник е вашиот омилен пијалак, особено за време на летниот период, имајте предвид дека овој „магичен“ напиток ги брка комарците… и уште што друго?
1. Иако џинот е измислен во Велика Британија, најголеми потрошувачи на џин се Филипинците со приближно 25 милиони гајби консумирани годишно.
2. Лондонскиот сув џин не мора да биде произведен во Лондон. Доволно е само да се следи начинот на подготовка за да може да му се даде тоа име.
3. Главниот вкус на џинот му го дава слаткиот бор и мекиот цитрус на клеката. Сите други растенија се додаваат за да се нагласат тоновите на овој комплексен, софистициран вкус.
4. Клеката всушност не е бобинка, туку е женската семка од шишарката на растението. Тоа е високо еволуирана шишарка со меснати и споени лушпи коишто даваат изглед на бобинка.
5. Најдобар начин да се дегустира џин е на собна температура, еднакво измешан со вода. Вака се откриваат сите негови квалитети и недостатоци.
6. Џинот е создаден околу 1689 година, а најрано се среќава во прехранбената индустрија во 1731 кога бил употребен во колач „медењак“.
7. Во еден период имало дестилерија на џин во секоја четврта куќа во Лондон.
8. Откако Сер Френсис Чичестер станал првиот човек којшто успешно го поминал целиот свет сам со брод, тој изјавил дека успехот му го должи на тоа што пиел по една чаша џин дневно.
9. Мартини се прави со џин и сладок вермут. Суво мартини се прави со џин и сув вермут. Сува вотка-мартини се прави со вотка и сув вермут.
10. Иако Џејмс Бонд е познат по фразата „протресено, не промешано“ кога се однесува на мартинито, поголемиот дел од бармените нема да се сложат и наместо тоа препорачуваат само промешано мартини, бидејќи протресувањето предизвикува премногу разводнување.
11. Џин-тоникот првично станал популарен во Британските колонии, бидејќи кининот во тоникот се покажал како добар начин да се избркаат комарците коишто пренесувале маларија. Сепак, горчината на кининот не била за секого, па џинот бил додаден за пијалакот да добие подобар вкус.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:


