Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто треба да пиете сок од краставица?

Зелените сокови се секогаш хит, иако трендот константно се менува во однос на тоа кои намирници се актуелни. Прво беше сокот од кељ, потоа оној од целер, а најнова вест е сокот од краставици.

Sok od krastavica zdrav i osvezitelen pijalok za ova leto 01

Краставиците може да ви изгледаат како чиста вода (што всушност е дел од она што ги прави толку хранливи), но тие исто така се полни со витамини и минерали кои помагаат при детоксификација, го подобруваат варењето на храната и се борат со воспаленијата во организмот. Слично како и сокот од целер.

Зошто започнувањето на денот со џиновска чаша свеж зелен сок е добро за вас:

Кои се придобивките?

Краставицата го алкализира телото. Тоа е едно од тие јадења што помагаат во одржување на рамнотежата на нивото на pH во организмот и ги спречуваат ефектите на киселата исхрана. Дополнително, се смета дека правилно избалансираното ниво на pH го намалува нивото на лептин, главниот хормон поврзан со глад.

Бидејќи телото е во состојба лесно да ги свари хранливите состојки во течна форма, ова е една од причините зошто краставиците се популарна состојка во зелените сокови.

Сокот од краставица е идеален начин за правилно хидрирање на телото, бидејќи содржи корисни електролити кои имаат способност да донесат хранливи материи длабоко во клетките и ткивата, што го прават далеку поефикасен од водата.

Sok od krastavica zdrav i osvezitelen pijalok za ova leto 02

Кој е најдобриот начин да се пие сок од краставици?

Две големи краставици ќе дадат околу 400 милилитри сок, што е сосема доволно како дневна доза.

Сок од краставици најдобро се консумира чист, со растојание од околу дваесет до триесет минути од другите оброци. Како и сокот од целер, сокот од краставици може да се конзумира и во комбинација со други состојки.

Сѐ се базира на вашиот личен вкус и не постојат правила, па така доколку сте љубител на слатки вкусови, слободно додадете и парчиња од вашето омилено овошје.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење) Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот) Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...
ПМС, холестерол - За што сè е добар чајот од маточина? Чајот од маточина има пријатен вкус, а нуди цела низа здраствени придобивки - од...
Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg