Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Одговор на вашата несоница, нервоза и зависноста од цигари – 5 моќни придобивки на чајот од валеријана

Иако валеријаната често пати знаеме да ја споменеме како алтернативен лек кој првенствено се користи за ублажување на напнатоста и нервозата, нејзините придобивки се многу поголеми.

5-mokni-pridobivki-na-cajot-od-valerijana-01.jpg

Но, како и секој медал и овој има две страни…

Валеријаната е билка која се одликува со карактеристичен, непријатен и продорен мирис. Всушност, нејзиниот корен е најмоќниот дел од растението кој се употребува за правење на чајот.

Валеријаната се користи и во медицински цели, од неа се произведуваат капки, маст, односно крем, капсули, итн.

Кои се всушност предностите на оваа магична билка за смирување?

Делува на централниот нервен систем

Се одликува со лековити својства кои го смируваат нервниот систем. Бидејќи станува збор за природен лек, токму валеријаната се препорачува за намалување на нервозата, напнатоста, вознемиреноста и раздразливоста.

Ќе ви помогне доколку имате мигрена, главоболка, се соочувате со хипохондрија или хистерија. Прилично делотворна е кај нервните заболувања и нарушувања. Содржи алкалоиди и флавоноиди кои позитивно влијаат на нервниот систем во случаи на стрес.

Помага при несоница

Доколку никако не можете да заспиете или пак се соочувате со нарушување на сонот подолг временски период поради константен стрес, чајот од валеријана е вистинското решение за вас.

1 шолја пред легнување може да ви помогне полесно да заспиете и да имате мирен и цврст сон. Здравиот сон секако го подобрува квалитетот на животот.

Заменува дел од аналгетиците

Може да се збогувате со менструалните болки бидејќи часот од валеријана ќе ги смири грчевите во стомакот. Воедно, ги намалува и болките во желудникот, а помага и при варењето на храната. Валеријаната се користи и како лек за Кронова болест (воспаление и заболување на дигестивниот систем).

Ја лекува зависноста од цигари

Чадот од цигари, кој е особено неподнослив за непушачите, може да стане и прилично неподнослив, дури и за оние кои уживаат во овој порок. Секако, валеријаната нема да ви помогне да ги оставите цигарите преку ноќ, но чајот ќе ви ја намали желбата за цигари и видно ќе ги намалите.

Чајот од валеријана му помага на организмот да се исчисти од никотинот, а доколку консумирате повеќе течности, процесот ќе биде уште поуспешен. Поради смирувачкото дејство, доколку сте во период на оставање на цигарите, нема да бидете толку нервозни и раздразливи.

Не создава зависност, но има несакани дејства

За сè во животот е важно да има баланс, односно т.н. „златна средина“, а консумирањето на чајот од валеријана не е никаков исклучок. Најдобро е да се пие умерено, односно максимум 2-3 шолји дневно. Валеријаната не создава зависност, но тоа не значи дека истата смее да се користи во неограничени количини.

Не е препорачливо валеријаната да се консумира во комбинација со други лекови и алкохол. Исто така, не им се препорачува ниту на бремените жени и доилките.

Доколку претерате со валеријана, немојте да се изненадите ако ви се појави силна мигрена, висок крвен притисок, вознемиреност, главоболка или чешање по телото.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви? Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење) Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...
ПМС, холестерол - За што сè е добар чајот од маточина? Чајот од маточина има пријатен вкус, а нуди цела низа здраствени придобивки - од...
Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg