5 причини поради кои розе виното ќе стане ваш омилен пијалак
Розе виното е секогаш добра идеја за бранч, посебно во летните сончеви денови, на плажа или во природа.
Но, за љубителите, вистинското време за чаша розе вино со пријателките е сега и засекогаш!
А, еве и кои се најдобрите работи за ова вино и зошто сите го сакаат:
1. Можете да го пиете веднаш
Розе виното нема потреба да стои по неколку години пред да се пие, бидејќи винариите го прават ова вино за да се пие веднаш. Па, земете шише вино, поканете ги пријателките, изладете го и уживајте!
2. Совршено вино за бранч
Според искусен сомелиер, розето е најверојатно виното што најмногу одговара да се пие со јајца. Структурата не белото вино во розето не преовладува, а црвеното ја засилува аромата. Ова вино не е тешко за пиење, а преку ден може само повеќе да ве освежи.
3. Секој може да си го дозволи
Секако дека постојат различни видови на розе вино, меѓукои и скапи и луксузни, но тоа не значи дека не може да се најде некое по солидна цена, а сепак да биде вкусно.
4. Одговара со сè
Со структурата на белото вино и аромата од црвеното, розе виното е прилагодливо и може да одговара на секакво јадење, од пица – до скара и морско.
5. Нема многу калории
Розето има малку калории, што го прави совршен алкохолен пијалак дури и за оние што внимаваат на линијата, а неговиот свеж вкус ќе ви биде омилен во летните денови.
М. М. | Црнобело