Хит на Инстаграм: Црно кафе со активен јаглен

Црното лате со активен јаглен е новиот модерен вид на кафе.

hit-na-instagram-crno-kafe-so-aktiven-jaglen-6_copy_copy.jpg

Веројатно веќе сте забележале дека најголемите трендови оваа година се обоени во црно, почнувајќи од тестенините и оризот во оваа боја, па сè до црната лимонада.

hit-na-instagram-crno-kafe-so-aktiven-jaglen-3_copy.jpg

Енергетските пијалаци на база на „суперхрана“ се најголемиот хит за претстојната сезона. Меѓу нив, се издвојува црното лате со активен јаглен, кое веќе прерасна во тренд на социјалната мрежа Инстаграм.

#Charcoallatte е уште еден делотворен еликсир, кој се користи во служба на добро здравје и дополнителна енергија.

hit-na-instagram-crno-kafe-so-aktiven-jaglen-4_copy_copy.jpg

Овој пијалак го прочистува телото од токсините, благодарение на моќните состојки кои се наоѓаат во црниот адитив. Помага кај проблеми со стомакот, а исто така одлично делува и во случај на претерување со алкохол. Оваа природна состојка има благотворно влијание и на тенот, па корисен е и за надворешна употреба, на пример, како црна маска за лице.

hit-na-instagram-crno-kafe-so-aktiven-jaglen-2_copy_copy_copy.jpg

Во продолжение, ви го откриваме рецептот за подготовка на црното кафе со активен јаглен.

Потребни состојки:

  • 1 капсула активен јаглен (достапен во аптеките)
  • 1/3 шолја вода
  • 1 чаша бадемово млеко
  • 1 лажичка јаворов сируп или мед
  • малку ванила
  • малку цимет

hit-na-instagram-crno-kafe-so-aktiven-jaglen-5_copy.jpg

Начин на подготовка:

Загрејте го млекото во тенџере. Помешајте го активниот јаглен во прав со водата, а потоа, сипете ја добиената црна течност во млекото. На крајот, додадете засладувач по желба, па малку ванила и цимет.

На здравје!

hit-na-instagram-crno-kafe-so-aktiven-jaglen-1_copy.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg