Магичен пијалак кој го намалува дуењето на стомакот
Дуењето на стомакот е чест и непријатен проблем. Најчесто не станува збор за сериозен здравствен проблем, но никој не сака да гледа фудбалска топка пред себе, наместо стомак со нормална големина.
Дуењето на стомакот може да го решите со едноставен природен пијалак, кој може да ви помогне да симнете дури 5 до 10 cm од половината.
Овој пијалак ја подобрува дигестијата на храната и ги згрчува стомачните мускули. На овој начин полесно се отстрануваат остатоците од акумулираната храна, како и мастите, односно салото, а и полесно се ослободуваат гасовите од цревата.
Еве што ви е потребно за подготовка:
- Половина банана
- Половина шолја бадемово млеко
- Половина лажичка цимет
- 1 лажичка кршени бадеми
- 1 лажичка рендан ѓумбир
Сите состојки ги мешате истовремено во блендер и магичниот пијалак е готов.
Испијте го половина час по вечерата и не јадете ништо после него. Легнете си, добро наспијте се и воодушевете се од резултатите следниот ден.
Зошто делува?
Бананата содржи бројни витамини и минерали како и растителни влакна, односно пектин кој ја подобрува дигестијата на храната и прави да се чувствувате сити.
Ѓумбирот е уште еден природен додаток кој помага во регулирање на масните наслаги кои се таложат околу стомакот. Воедно, ќе го спречи прејадувањето, ќе ви ја подобри енергијата и ќе ги регулира хормоните.
Бадемовото млеко пак ги содржи истите минерали како и она млеко со пониска масленост, но има побројни здравствени придобивки и подобро влијае врз намалувањето на телесната тежина.
(О)Милена | Црнобело