Денес е Интернационален ден на пивото - Наздравете со ладен коктел со пиво!
5-ти август, петок, Интернационален ден на пивото - не ви треба повеќе убедување зошто да испиете една чаша студен коктел со освежително пиво.
Иако за многумина пивото само по себе е доволно и не би сакале да го мешаат, овие неколку алкохолни комбинации ќе ве натераат да експериментирате.
Снабдете ги состојките или едноставно нарачајте си го коктелот во омиленото кафуле:
Beer Punch
Измешајте 350ml Спрајт со 2 ½ чаши сок од ананас и 6 лименки од омиленото светло пиво. Ставете во чаша и додадете сечкани лимони, лимети и портокали.
Beerita
Истурете 4 лименки пиво во блендер, додадете 1 мала шолја текила и 1-2 шолји замрзната лимонада. Додадете уште малку чист мраз и измешајте. Сервирајте во чаша со парчиња лимета.
Black and Tan
Што е повкусно од едно пиво? Две пива. Магијата на овој коктел е што мешате светло и темно пиво. Ефектот? Повкусен отколку што си замислувате.
Redneck Mother
Во висока чаша ставете ¼ сок од грејпфрут, шот џин и дополнете со светло пиво. Може да додадете вода со вкус на ѓумбир или лимон и да декорирате со парчиња цитрусно овошје.
Summer Hoedown
Во блендер иситнете неколку парчиња лубеница додека не добиете густо пире. Измешајте со ликер по вкус (од цреши е одличен избор) и наполнете ги чашите со половина од смесата и половина светло пиво.
М. Д. | Црнобело