Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вреди да пробате: Лимонада со лубеница

На идеите за освежување во овие пеколни денови им нема крај, а оваа лимонада со лубеница е уште еден предлог.

vredi-da-probate-limonada-so-lubenica-01.JPG

Состојките не претставуваат голем трошок, подготовката не зема многу време, а крајниот резултат е подобар од сите купечки сокови и води со арома.

Потребно ви е:

  • 4 шолји лубеница без семки
  • 3 ½ шолји вода
  • 2 лажици мед
  • ½ шолја сок од свежо цеден лимон
  • Парчиња лимон
  • Нане, по желба

Подготовка:

1. Во мал сад на рингла ставете ½ шолја вода и 2 лажици мед, па мешавината оставете ја да зоврие. Постојано мешајте.

2. Ставете ја лубеницата во блендер и матете додека не добиете густа смеса. Процедете го сокот од лубеница ако не сакате да има парчиња.

3. Промешајте го сирупот со 3 шолји вода и сокот од лимон.

4. Наполнете една чаша со мраз, додајте го сокот од лубеница, а потоа дополнете ја чашата со лимонадата. Благо промешајте и украсете со парчиња лимон и нане.

vredi-da-probate-limonada-so-lubenica-02.jpg

Би можело да ве интересира:

3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот) Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...
Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg