10 причини зошто ова лето да се разладите со кригла пиво

Летото ни стигна, а со него и пиењето на пиво, како еден од омилените начини за разладување. Токму на таа тема, со години трае расправа дали тоа е штетно или здраво.

10-pricini-zosto-ova-leto-da-se-razladite-so-krigla-pivo-01.jpg

Ова се 10 причини зошто да посегнете по чаша полна хмељ, јачмен, квасец и вода, па вие одлучете:

1. Пивото може да ви го продолжи животот

Истражувањето од колеџот Virginia Tech утврдило дека оние кои редовно пијат пиво имаат 19% помали шанси да починат на млади години, отколку оние кои не го обожаваат пивото.


2. Со пиење пиво може да ослабете

Пиењето на силни видови пива, како што се некои белгиски рецепти, може да ви помогнат да ослабете. Еден лондонски професор тврди дека пивата со силен вкус се одлични за забрзување на работата на цревата.


3. Пивото помага во борбата против рак

Флавоноидот ксантохумол кој се наоѓа во хмељот му помага на човечкото тело да се избори со ракот. Тој е антиоксиданс кој ги спречува канцерогените ензими да се рашират.


4. Пиво за поостар ум

Жените кои редовно пијат по барем 1 чаша пиво, во староста немале проблем со опаѓање на менталните способности. Истото важи и за мажите, само во малку поголеми количини на дневно ниво.


5. Од пивото не се добива пивски стомак

И покрај што ова е најраширено верување, откриено е дека нема никаква поврзаност помеѓу стомакот и пивото.

10-pricini-zosto-ova-leto-da-se-razladite-so-krigla-pivo-02.jpg

6. Пивото го спречува создавањето на камен во бубрег

Лицата кои умерено пијат пиво имаат цел 41% процент помали шанси да заболат од камен во бубрег.


7. Пивото има помалку калории од млеко или сок

Не го заборавајте фактот дека дури и најтемното и најтешко пиво има помалку калории од густиот сок или обработеното млеко.


8. Штити од Алцхајмерова болест

Сепак, ако претерате, нема да си помогнете подобро да паметите. Секое умерено консумирање на овој микс од хмељ, јачмен и квасец е добро заради хсантохумолот кој се наоѓа во хмељот. Тој го штити мозокот од Алцхајмерова и Паркинсонова болест.


9. Полно е со витамини

На кој му се потребни овошни шејкови, кога има кригла пиво?


10. Пивото ги зајакнува коските

Ако испиете една до две чаши пиво, вашите коски ќе бидат поцврсти затоа што овој пијалак е богат со силициум кој е клучен за изградба на густината на коските.

Би можело да ве интересира:

Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви? Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg