Сладок шејк со кој ќе се ослободите од салото на стомакот за 9 дена
Шејкот од јагоди треба да го консумирате кога и да почувствувате глад. Тој ќе ви го намали апетитот, ќе ви ја контролира желбата за слатко и ќе ви помогне да го израмните стомакот.
Вишокот масти на стомакот многу често настануваат заради задржување на водата под кожата, неправилно варење на храната или едноставно заради неактивниот начин на живот.
Подгответе го овој шејк 2 пати дневно, еднаш наутро и еднаш навечер и ќе забележите подобрување уште по неколку дена.
Ако се придржувате до правилото дека овој шејк треба да ви замени еден оброк во денот, тогаш за 9 дена ќе изгубите неколку сантиметри во обемот на стомакот.
Потребни состојки:
- ½ шолја јагоди
- 1/3 шолја ситно сечкан ананас
- ¼ шолја ситно сечкан магдонос
- 1 лажица ленено семе
- ¼ шолја вода
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и миксирајте додека не добиете кремаста смеса. Консумирајте веднаш, не го складирајте пијалакот во тегли и шишиња.