Нарачајте пијалак со стил: Коктели кои секоја дама треба да ги знае

naracajte-pijalak-so-stil-kokteli-koi-sekoja-dama-treba-da-gi-znae-1

Пијалакот открива многу повеќе за вас како личност. Така на пример, една чаша вино зборува дека сте личност која сака да игра на сигурно...

Ако се подготвувате за состанок и сакате да оставите добар впечаток, тогаш порачајте си некој од овие коктели:

1. „Gimlet”

naracajte-pijalak-so-stil-kokteli-koi-sekoja-dama-treba-da-gi-znae-2

Коктелот се прави од џин и тоник, засладен е со сок од лимета, но никако не претерувајте со количината. Создаден е за дами кои го обожаваат морето, летото и се големи авантуристи.


2. „Daiquiri”

naracajte-pijalak-so-stil-kokteli-koi-sekoja-dama-treba-da-gi-znae-3

Создаден за сите оние кои ја обожаваат комбинацијата на рум и сок од лимета. Во елитните ресторани се послужува во елегантна ледена чаша со издробени коцки лед, а модерната варијанта се служи во вистинска коктел чаша.


3. „The Paloma”

naracajte-pijalak-so-stil-kokteli-koi-sekoja-dama-treba-da-gi-znae-4

Ако обожавате маргарита, тогаш овој пијалак е вистинскиот за вас. Направен е од текила, грејпфрут и сода. Освен што е создаден да ве освежи, совршен е и за шармантни и духовити дами.


4. „Tom Collins”

naracajte-pijalak-so-stil-kokteli-koi-sekoja-dama-treba-da-gi-znae-5

Да се нарача лимонада на прв состанок не е баш совршена опција. Одлична замена за тоа е да го пробате коктелот кој е подготвен од џин, сок од лимон, шеќер и сода.


5. „French 75”

naracajte-pijalak-so-stil-kokteli-koi-sekoja-dama-treba-da-gi-znae-6

Шампањот е непогрешлив избор за секоја прилика, но зошто не си поиграте малку со вкусовите? Овој пијалак содржи комбинација на џин, шампањ, сируп и лимон.


6. „Moscow mule”

naracajte-pijalak-so-stil-kokteli-koi-sekoja-dama-treba-da-gi-znae-7

Коктел направен од вотка, пиво од ѓумбир и сок од лимета. Оваа комбинација на состојки го прават пијалакот да има убав вкус, особено кога се сервира ладно. 

Би можело да ве интересира:

Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg