Сурутка со лимон: Го зајакнува имунитетот и ги топи килограмите
Вкусната сурутка со лимон се користи за да се подобри варењето на храната, за регулирање на холестеролот, елиминирање на стресот, но и за губење на вишокот килограми.
Сурутката е производ кој настанува во текот на правењето на сирење, а со векови се користи како средство за подобрување на здравјето.
Како се подготвува сурутка:
1. Зовријте 1l млеко и додека е врело, додајте му сок од еден лимон.
2. Оставете го да постои некое време, додека не се одвои проѕирно зелената течност (сурутка), која треба да ја истурите во шише и да ја ставите во фрижидер.
Начин на употреба:
Секој ден мешајте 1 супена или кафена лажичка од сурутката во една чаша со вода и пијте за време на секој оброк.
Сурутката е одлична за слабеење, бидејќи ќе ве направи да се чувствувате сити подолго време.