Сакате да го стопите салото додека да почне летото? Измешајте Нескафе и кокос
Пијалакот за слабеење од Нескафе и кокос стана планетарно познат и популарен, кога еден бизнисмен Дејв Аспреј пред неколку години го сподели со јавноста.
Дејв овој пијалак го нарече „Bulletproof“ кафе затоа што му помогнал да симне речиси 40 килограми.
Кремастиот пијалак од Нескафе и кокос е толку калоричен што може да замени цел оброк, а кога ќе ја испиете оваа енергетска бомба сигурно нема да бидете гладни во наредните 3 часа.
Тајната на овој прекрасен пијалак се наоѓа во високата концентрација на масти кои го подолжуваат дејството на кофеинот, па покрај ситоста ќе почувствувате и зголемување на енергијата.
Постојат различни верзии на ова популарно кафе, а ние ви го предлагаме оригиналниот рецепт:
- 1 лажичка Нес кафе
- ½ лажица какао
- 1dl бадемово млеко
- 1dl зовриена вода
- 1 лажица кокосово масло
Земете си ја омилената шолја за кафе, ставете го кафето и какаото и додајте ја врелата вода. Изматете со машинка за Нес, а потоа додајте го топлото бадемово млеко. На крај додадете ја лажичката кокосово масло.
Вака подготвеното кафе ќе ви премине во навика со која до летоска сигурно ќе намалите некој килограм.