Сами подгответе го најмоќниот антибиотик и збогувајте се со таблетите
Овој течен антибиотик ефикасно го чисти организмот од токсини, ги убива штетните бактерии, се бори против габичните инфекции и вирусите и ја поттикнува циркулацијата во телото.
Старинскиот рецепт се проширил во периодот кога владееле голем број на зарази и епидемии, така што лечењето на една настинка или грип е загарантирано.
Потполно е природен, а тајната моќ се крие во комбинацијата од состојки со силно антибиотско дејство.
Состојки:
- 700ml јаболков оцет
- ¼ шолја ситно сечкан лук
- ¼ шолја ситно сечкан кромид
- 2 свежи лути пиперки
- ¼ шолја свежо рендан ѓумбир
- 2 супени лажици рендан рен
- 2 супени лажици куркума во прав
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки освен оцетот, па префрлете ги во голема стаклена тегла.
Прелијте ги со оцетот, добро стегнете го капачето и оставете ја теглата на темно место 14 дена.
По овој период отворете ја теглата, измешајте ги состојките, изгмечете ги, па прецедете низ газа.
Пијалакот чувајте го во фрижидер.
Консумирање:
Почнете со 1 кафена лажичка дневно, а за подигнување на имунитетот потребна ви е 1 супена лажица.
Ако се борите со сериозна болест или инфекција, земајте по 5-6 лажици дневно.
Важно:
Пијалакот е силен и лут, затоа никогаш не го пијте на празен стомак.