Греана ракија во студените денови, еве како да ја приготвите правилно!

Некои ја пијат за циркулација, други за раздвижување и загревање на телото, а трети воопшто не знаат како се подготвува.

topla-rakija-vo-studenite-denovi-eve-kako-da-ja-prigotvite-pravilno-2

За тие што досега се немаат осмелено да ја приготват, постојат два рецепти кои мора да ги научат и да подготват греена ракија барем еднаш во животот која ќе ги згрее во студените денови.

Прв рецепт:

Ставате шеќер во ѓезве, пола кафена лажица за секоја чашка и оставате убаво да се загрее, но не да се стопи, а потоа ставате ја ракијата во ѓезвето и мешајте додека не почне да врие.

Овој рецепт ќе ја спречи болката во главата од јаката миризба на ракијата со тоа што истата ќе се измеша со миризбата на изгорениот шеќер и ќе му даде посебен шмек.

 
Втор рецепт:

Ставате ракија и шеќер истовремено во ѓезвето, не повеќе од пола кафена лажица по чашка и мешајте полека додека не зоврие, а потоа ставате ја во чашка и испијте ја набрзина!

Ако ви е првпат, добро е да имате чаша вода при рака за да се разладите.

Топлата ракија најдобро се комбинира со шеќер, па затоа двата рецепти вклучуваат шеќер во нив. Се препорачува рецептите да ги приготвите исклучиво со лозова ракија бидејќи таа најдобро се вклопува со шеќерот.

Топлата ракија нека ве згрее макар и за момент во овие студени денови!

topla-rakija-vo-studenite-denovi-eve-kako-da-ja-prigotvite-pravilno-1

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви? Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg