Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ароматизирана вода - идеално летно освежување

Водата е извор на здравје, тоа ќе ви го потврди секој доктор, нутриционист или советник за диета. Ако внимателно ја прочитате секоја диета, ќе забележите дека во неа пишува дека треба да пиете 10 чаши вода дневно.

8-recepti-za-aromatizirana-voda-01.jpg

Но, затоа што никој не сака да се налева со вода, потребно ви е повкусно решение.

Едноставно, направете ароматична вода со додатоци кои ќе го забрзаат метаболизмот и ќе ви го разладат организмот.

1. Вода со лимон и краставица - Измиксирајте 10 чаши вода, 1 краставица и 1 лимон исечен на четвртина. Во целата смеса ставете неколку листови нане.

2. Јагоди и лимон - Во блендер миксирајте 10 чаши вода, 6 јагоди, исечкан лимон и листови нане.

3. Копар и лимон - Во 150ml вода проварете 3 гранки исушен копар околу 5-10 минути. Потоа измиксирајте ја течноста со уште 10 чаши вода, лимонов сок, излупен портокал, 12 листови нане.

4. Капини и жалфија - Богат антиоксиданс кој можете да го подготвите со 10 чаши вода, 1 шолја капини и 4 листови жалфија.

8-recepti-za-aromatizirana-voda-02.jpg

5. Рузмарин и лубеница - Неколку парчиња лубеница помешајте со 10 чаши вода и 2 гранчиња рузмарин. Можеби ви звучи чудно, но вкусот е освежителен.

6. Ананас и нане - Помешајте во блендер 10 чаши вода со 1 чаша ананас исечен на коцки и 12 листови свежо нане.

7. Јаболка и цимет - Јаболката е диетален производ кој не смеете да го заобиколите, па затоа измешајте 1 јаболко ситно сечкано со 10 чаши вода и 2 лажици цимет.

8. Ѓумбир и црн чај - Оваа егзотична мешавина ќе ве потсети на жешко лето во Турција, големи бранови и ориентално уживање. Доволно е да сварите 1 лажица црн чај и 1 лажица сушен ѓумбир со 10 чаши вода.

Би можело да ве интересира:

3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење) Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот) Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...
Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg