Топ 5 земји со највкусни топли пијалаци во светот

Кога патувате никако не го прескокнувајте обилниот традиционален оброк и локалниот топол пијалак. И без разлика дали ќе ви се допадне или не, секако ќе ја доживеете културата на земјата од малку поинаков агол.

top-5-zemji-so-najvkusni-topli-pijalaci-vo-svetot-01

Патувајте, дегустирајте и стоплете се со шолја жежок чај и силно кафе!

1. Традиционален кинески чај

По обилните кинески специјалитети никако не пропуштајте ја шолјата топол кинески чај, кој е од огромно значење во оваа земја.

Церемониите на чајот или Tea Tasting Session е одлично место каде ќе имате шанса да го пробате најдобриот, врвно приготвен кинески чај.

Но, ако сакате да уживате во неговата арома и да го доживеете кинеското секојдневие, тогаш ви предлагаме да седнете во првото кафуле кое ќе го сретнете.

top-5-zemji-so-najvkusni-topli-pijalaci-vo-svetot-02


2. Чај во Индија

Формулата на индискиот чај е едноставна: црн чај со вкус на полномасно млеко и голема количина на шеќер. Звучи како совршен рецепт кој по малку асоцира на десерт.

На улиците на Индија чајот е задолжителен во секоја понуда. Се служи од голема висина, за на врвот од шолјата да се формира густа пена.

Се сервира во мали глинени шолји кои по користење се фрлаат на под за среќа. Такво е верувањето во Индија!

top-5-zemji-so-najvkusni-topli-pijalaci-vo-svetot-03


3. Yerba Mate во Аргентина и Уругвај

Овој чуден пијалак се пие во секој дел од денот, а се служи во шолја која е изработена од тиква и метал.

Самиот пијалак не е воопшто комплициран, ниту претерано егзотичен - составен е од билни листови кои се преливаат со врела вода.

Речиси да не постои Аргентинец кој не знае да го приготвува, па затоа во неговиот вкус ќе може да уживате во било кој локал на територијата на Аргентина.

top-5-zemji-so-najvkusni-topli-pijalaci-vo-svetot-04


4. Кафе во Етиопија

Самото кафе изворно потекнува од оваа земја, а воедно и тука се произведува во најголеми количини.

Нема дел од денот кога не се пие кафе, како и возраст за која истото е дозволено.

Зрната кафе во Етиопија се мешаат со животински масти, па баш затоа добива посебен шмек и арома која барем еднаш во животот вреди да ја испробате.

top-5-zemji-so-najvkusni-topli-pijalaci-vo-svetot-05


5. Кафе во Виетнам

Виетнамското кафе значително се разликува од она во Етиопија, а причина за тоа е француското влијание на самата традиција.

Се пие топло или ледено ладно, со засладено кондензирано млеко. А вкусот на ова црно кафе е многу сличен со вкусот на чоколадна торта - кремаст и сладок!

top-5-zemji-so-najvkusni-topli-pijalaci-vo-svetot-06

Би можело да ве интересира:

Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење) Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg