Во втората бременост качила 15kg, се врати во топ форма – Србинката Софија Мило откри како се храни
Софија Милошевиќ (32), една од најпознатите српски модели, иако има две мали деца, изгледа одлично, а открива дека во втората бременост качила 15kg, но за 2 месеца се вратила во форма. Таа открива дека се храни здраво, со многу протеини, вежба редовно и трча по децата, што е формула за добра фигура - како изгледа нејзиниот „режим“?
Манекенката и модел Софија Милошевиќ неодамна откри дека се здебелила 15 килограми со втората бременост, па ѝ требале околу два месеца да се врати во форма. Таа сега изгледа подеднакво добро како и во времето пред да остане бремена.
Скоро една година по породувањето, Софија на Инстаграм Стори откри како се храни и што ѝ помогнало побрзо да се врати во форма по раѓањето на децата.
„Многумина ме прашуваат како се хранам, па затоа ќе објавам дел од моето мени.
Секогаш настојувам да јадам многу протеини и обожавам авокадо (во сè).
Секогаш јадам овошје пред главниот оброк, па денеска јадев манго.
А ова е сок од ананас, зашто морав да ги намалам соковите од лимон и портокал. Бидејќи дојам, тие може да предизвикаат грчеви кај бебето“, напиша моделот.
Милошевиќ исто така вежба постојано, со што дополнително го забрза процесот на слабеење и затегнување на телото.
Таа на социјалните мрежи често објавува фотки и видеа додека вежба, па ги споделува своите дневни рутини со следбениците.
Софија, која важи за една од најубавите жени во Србија, има два сина со фудбалерот Лука Јовиќ - Алексеј и Теодор.
По раѓањето на синот Тодор, таа во интервју кажа дека втората бременост ѝ била потешка од првата и дека се здебелила 15kg, но успеала да се врати на работа по само два месеца.
Таа во кариерата работела за голем број познати модни куќи, меѓу кои Valentino, Calvin Clein, Donna Karan, Agent Provocateur, Marc Jacobs, Ralph Lauren, Betsey Johnson, а Том Форд бил толку многу воодушевен од неа, што ѝ рекол дека долго време немал видено толку убава девојка.
Инаку, Софија е во врска со фудбалерот Лука Јовиќ од 2019-та година. Во 2020-та година тие го добија синот Алексеј, а лани на крајот на март Софија го роди синот Теодор.
А. Ј. | Црнобело