Салата за супер брзо слабеење – Намалува 2 килограми за 2 дена
Салатата ги исфрла наталожените токсини и ја стабилизира цревната микрофлора.
Ја нарекуваат салата која чисти, а освен тоа што ќе ви ја истенчи фигурата, дводневното консумирање на оваа салата ќе ви помогне да го спречите лошиот холестерол, како и да ги исфрлите сите токсини од целото тело.
Дополнително, кожата се освежува и добива сјај.
Потребни состојки:
- 150g зелка
- 150g морков
- 150g варено цвекло
- 1 зелено јаболко
- 2 лажици сечкана зелена салата или спанаќ
Сите состојки ги сечкате ситно или ги рендате, зависи како ви е повкусно, и ги мешате во голем сад.
По желба, може да додадете прелив од 1 лажица лимонов сок и 2 лажици ленено масло. Дозволено е да ставите и малку сусам.
Сите три оброци во денот заменете ги со околу 300g од оваа салата, во текот на 2 дена.
Освен тоа, може да консумирате по малку нискомаслено сирење. Дозволен е и зелен чај, а многу вода е задолжително.
Напомена: Ова не е диета која треба да ја држите со денови, туку е добро да се практикува 2 дена за чистење на телото, не за долгорочно слабеење.
М. Д. | Црнобело