Споделуваме искуства: Што забележав после 7 дена чистење на организмот со чај?
Ако сакате да си го промените животот и општо здравствената состојба на подобро, една жена препорачува тоа да го направите со чистење на организмот со чај.
Нејзината приказна од искуство на своја кожа изгледа вака:
Кратко откако се родив, мојата мајка разви дијабетес. Состојбата се прошири низ семејството и ги гледав блиските како се борат да ја вратат контролата над своето здравје.
Се распрашував за алтернативни начини и лекови, а низ сето тоа истражување едно зборче се провлекуваше во секоја препорака – чај.
Чајот стана навика во нашиот дом. Сега, кога пораснав, се решив да пробам токму со него да се ослободам од токсините и вишокот килограми, но и да се релаксирам и да си ја вратам контролата над мојот живот.
Се фокусирав на зелениот чај, верувајќи во неговите супермоќи.
Секако дека внесував и вкусни оброци, а не само чај. Утрото го започнував со шолја чист чај без додатоци, за ручек правев вкусно смути од зеленчук, овошје и чај, а за вечера подготвував оброк богат со протеини од растително потекло, здрави масти и растителни влакна кои создаваат чувство на ситост.
Во текот на денот пиев минимум 4 шолји вкусен чај.
Една од тие шолји задолжително беше пред спиење. Истражувањата правилно покажуваат дека чајот ги регулира хормоните и носи мир.
Важно беше утринскиот чај да биде 30-тина минути пред оброкот за најдобра можна апсорпција.
Чајот го додавав буквално во сè – правев смутија со него, овесната каша исто така ја мешав со шолја чај, ставав чиа семки во него...
Што забележав во првата недела од предизвикот?
- Изгубив неколку килограми нагло и се чувствував многу полесно после само 48 часа. По 72 часа забележав дека стомакот ми е многу порамен, а не подуен.
- Побрзо согорував масти, тренинзите ми беа поефективни, а мускулите ми се одмораа многу побрзо.
- Метаболизмот ми се забрза, благодарение на зелениот чај.
- Желбата за нездрава храна ми се намали. Повеќе не чувствував глад и „напади“ за благо.
- Сфатив дека заштедив многу пари.
- Заборавив што значи зборот стрес.
- Повеќе уживав во друштво и немав потреба да се изолирам во самотија за да можам да соберам енергија.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:

