Нестандардни оброци со јајце за успешна диета и здрава исхрана

Сами по себе, јајцата се одлично избалансирана храна, богата со витамини, антиоксиданси и здрави масти. 

8-nestandardni-obroci-so-jajce-za-uspeshna-dieta-i-zdrava-ishrana-01.jpg

Без разлика дали ги сакате во форма на омлет, „на око“ или варени, ова се неколку начини како да ги комбинирате за да го искористите максимумот од нивната хранливост.

Оброци со јајце и разновидна храна како додаток:

1. Јајце и авокадо

Популарниот авокадо-тост збогатен со неколку парчиња сварено јајце изобилува со здрави масти кои даваат и доволно енергија, но и ја подобруваат работата на метаболизмот.

Всушност, намаз од авокадо со рендано варено јајце (или цели парчиња врз намазот од авокадо) врз парче леб од цели житни зрна е одличен избор за здрав и енергетски појадок.

superhrana-za-uspeshna-dieta-8-nestandardni-obroci-so-jajce-3.jpg

2. Јајце зачинето со чили или буковец

Капсаицинот од лутиот зачин придонесува вашето тело поефикасно да ја претвора храната во чиста енергија.

Така, во домашно приготвениот омлет или тост со авокадо, додадете малку чили или буковец и направете си супер хранлив оброк. Оваа варијанта е секако погодна исклучиво за оние кои поднесуваат лута храна.

superhrana-za-uspeshna-dieta-8-nestandardni-obroci-so-jajce-4.jpg

3. Пржете на кокосово масло

Следниот пат наместо на обично масло или путер, во тавата ставете и загрејте кокосово масло и во него спржете ги јајцата. На овој начин добивате одличен вкус, со многу помалку калории.

Можеби ова делува нелогично доколку се земе предвид фактот дека 100 милилитри кокосово масло се покалорични од 100 милилитри сончогледово. 

Сепак, кога се користи за пржење, кокосовото масло согорува побавно, па затоа е потребна помала количина отколку што би била потребна при пржење со, на пример, сончогледово масло.

superhrana-za-uspeshna-dieta-8-nestandardni-obroci-so-jajce-5.jpg

4. Во манџа од грав или леќа

Мешунките се здрави, од нив се прават вкусни манџи, а исто така одлично одат во комбинација со рендано сварено јајце или пак живо, кое ќе се свари во самата манџа додека е уште топла.

Вака приготвените оброци се богати со протеини и растителни влакна, а дополнителен бенефит е тоа што ве одржуваат сити подолго време.

superhrana-za-uspeshna-dieta-8-nestandardni-obroci-so-jajce-6.jpg

5. Со мелено мисиркино месо

Наместо сланина или колбаси, пропржете мелено мисиркино месо, зачинете по желба и додајте две изматени јајца. Овој оброк е вкусен, здрав, а исто така можете да го збогатите и со салата од домат и краставица, но и со чили или парчиња авокадо.

superhrana-za-uspeshna-dieta-8-nestandardni-obroci-so-jajce-7.jpg

6. Солена овесна каша

Овесната каша не мора да биде секогаш блага и со овошје. Подгответе ја во посолена вода, додајте зеленчук (морков, грашок) и несолени кикириtки и секако, едно сварено јајце исечено на парчиња.

Можете да комбинирате со вашите омилени намирниции.

superhrana-za-uspeshna-dieta-8-nestandardni-obroci-so-jajce-8.jpg

7. Во комбинација со спанаќ

Можете да направите фил за пита, омлет со спанаќ или пак спанаќ со ориз во тава и додадено јајце во текот на печењето.

На овој начин ќе помогнете подобро да се врзат и искористат хранливите состојки и од спанаќот и од јајцето, без да има потреба да внесувате дополнителни и непотребни калории.

superhrana-za-uspeshna-dieta-8-nestandardni-obroci-so-jajce-9.jpg

8. Јајце и грејпфрут

Комбинирајте ги во зелена салата, со марула, рукола, домати, авокадо и млад кромид. Можете да зачините со сок од грејпфрут, а оние кои сакаат да експериментираат со вкусови, може да додадат и цели парчиња од грепфрутот во салатата.

Оваа комбинација делува антивоспалително, го хидрира телото, но и го забрзува метаболизмот

superhrana-za-uspeshna-dieta-8-nestandardni-obroci-so-jajce-10.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg