Навики кои ќе ви помогнат да бидете здрави и да изгледате добро со минимален труд
Никогаш не е доста од нови совети и трикови за тоа како да останеме здрави и воедно да изгледаме добро.
Секако, она што на сите им е најважно е ако е возможно тоа да се случи со минимално вложување труд.
Не е секогаш така, но сепак е возможно. Важно е да сте посветени и со мали чекори да постигнете голем резултат.
Неколку совети со кои телото ќе ви биде фит, здраво и ќе се чувствувате привлечно:
Престанете да броите калории
Високо квалитетните состојки во храната и нивната количина се многу поважни отколку бројот на калории.
Обрнувајте внимание на тоа колку е здрава и што содржи храната, а не колку калории има.
Половина од чинијата наполнете со зеленчук
Истражувањата покажуваат дека ако ставите многу зеленчук, па и овошје во вашиот тањие, здравјето драстично се подобрува, а ова сите го знаеме.
Па за да се натерате да го правите тоа, секогаш половина од чинијата нека ви биде резервиран за зеленчук или овошје, независно што е другата половина од оброкот.
Јадете што сакате и кога сакате
Понекогаш, одлучуваме да ги избегнуваме омилените производи некое време, но тоа не може да трае засекогаш и кога ќе заврши тој период, надокнадуваме со сите јадења, заради што повеќе се дебелееме.
За секогаш да бидете здрави и да изгледате добро, јадете без чувство на вина, но умерено. Не си забранувајте ништо на долг период.
Применувајте го правилото на „2 залчиња“
Ако сакате да јадете нешто што не е многу здраво и знаете дека има повеќе калории, „измамете“ го мозокот – каснете еден залак, напијте се чаша вода, а потоа каснете уште еден залак.
Чувството на најаденост ќе ви дојде многу побрзо и нема да мора да изедете голема количина, а сепак ќе се насладите.
Почнете го денот со протеин
Храната богата со протеин го намалува нивото на хормонот на глад. Затоа, јајцата, месото и јогуртот може да ве најадат многу побрзо и да ве држат до ручек, за разлика од појадок на база на јаглехидрати.
Шетајте 2 минути на секој час
Ако мора да седите додека работите, поставете си правило – прошетајте 1-2 минути на секој час.
Секогаш може да најдете причина да прошетате до друга канцеларија, да излезете на воздух на тераса или да отидете до продавница.
Ова ќе ви помогне да бидете барем малку поактивни во текот на цел ден.
Никогаш не јадете грицки директно од кеса
Ако јадете директно од кеса, понекогаш може да изедете и многу поголема количина, посебно ако се работи за големо пакување.
Ставете ги грицките во чинија (со умерена големина) со цел да имате контрола врз количината и да престанете кога ќе ја изедете „порцијата“.
Користете го „правилото 10 минути“
Ова важи за многу работи во животот. Секогаш почнувајте со 10 минути. Ако сакате да вежбате, но се оправдувате со тоа дека немате време, почнете со 10 минути во денот, дома.
10 минути ништо нема да ви сменат временски, ќе се чувствувате подобро и со тек на време со сигурност ќе ги зголемите минутите.
Бирајте богати оброци
Според истражувањата, големите порции храна богата со вода е одличен начин да не се прејадете.
Направете салата во голем сад и брзо ќе го наполните стомакот, без да се прејадете, а ќе се чувствувате понајадено отколку од јаткасти плодови или суво овошје.
Работете покрај прозорец
Истражувањата покажуваат дека голема количина на сончева светлина има позитивно влијание врз 2 работи – квалитетот на вашиот сон и продуктивноста.
Па доколку постои можност, најдете начин да го преместите вашето работно катче покрај прозорец. Ќе бидете попродуктивни, а уште поважно ќе имате добар сон, што е основно за нашето здравје.
Пијте топли пијалаци
Топлите пијалаци, идеално 30 минути пред оброк, го забрзуваат процесот на варење и ја подобруваат продуктивноста на метаболизмот, а исто така ја подобруваат и циркулацијата на крвта.
М. М. | Црнобело