5 важни правила во борбата против "јо-јо" ефектот по диетата
Проблемот што често се појавува по неколку недели од одржувањето на строга диета и губењето на тежината, е таканаречениот „јо-јо“ ефект.
Тоа претставува најсилен удар врз трудот и дисциплината, како и врз големиот број на разни одрекувања.
За да успеете да ја одржите посакуваната тежина и притоа да ги продолжите здравите навики, потребно е да се придржувате на следниве златни правила:
1. Минус 300 калории во чинијата
Откако ќе завршите со диетата која сте ја практикувале и постепено ќе се вратите на старата исхрана, експертите советуваат да го намалите бројот на калории во вашите оброци. Магичната бројка која треба да ја исфрлите од вашата чинија е 300 калории.
2. Ред и дисциплина во бројот на дневните оброци
Пет урамнотежени и лесни оброци во текот на денот, во кои ќе бидат вклучени голем број на влакна и витамини од овошје, ќе ви помогнат да ја одржите посакуваната тежина.
3. Чинија во која преовладуваат протеините
За да спречите враќање на изгубените килограми, потрудете се на вашата чинија да преовладуваат протеините кои помагаат во изградба на мускулна маса. Комбинирајте ги со храна со ниско ниво на шеќери.
4. Слабеење без „skinny fat“ синдром
Без физичка активност, тешко би ја одржале постигнатата тежина. Овој синдром се манифестира со губење на килограми, без притоа да има градење на мускулна маса.
Поради тоа се појавува успорување на метаболизмот, што го отежнува задржувањето на постигнатата тежина, после диетата. За да се спречи ваквиот ефект, потребно е во текот на диетата да се практикува и вежбање.
5. Постепено враќање на старите намирници во чинијата
За да се навикне телото на новата тежина, потребен е одреден временски период. Во текот на овој период, потребно е намирниците од кои сте се откажале во текот на диетата да ги враќате постепено во исхраната. Слатките работи и тестенините можете да ги консумирате до двапати неделно, но никако два дена по ред.
М. С. | Црнобело