Кој е правилниот начин на слабеење?
Сè повеќе расте бројот на луѓе кои се мачат да намалат тежина, па не е ниту чудно што се појавуваат нови и нови диети на социјалните мрежи и медиумите.
Според Светската Здравствена Организација околу 52% од целата светска популација се или над нормалната тежина или претерано дебели. Голем дел од овие луѓе во одреден период од својот живот се одлучиле за некаков тип на диета и експериментирале со екстремно слабеење.
Но, истражувањата покажуваат дека екстремното слабеење не е ефикасно на долготраен план, туку екстремно штетно за вашето здравје.
Екстремните диети водат до намалување на мускулите
Екстремното слабеење најчесто подразбира сериозно намалување на внесувањето на калории за намалување на килограмите во рекорден период, но треба да имате на ум дека ова долгорочно води кон губење на мускулите, не на салото.
Намалувањето на мускулите го забавува метаболизмот
Причината поради која телото прво ги напаѓа мускулите е затоа што сака да ја сочува енергијата кога храната е намалена. На телото му треба повеќе енергија за да ги одржува мускулите.
Како да ослабете на правилен начин?
Треба да имате на ум дека успешното слабеење не се случува преку ноќ. Треба да јадете помалку калории, не да претерувате. Бидете сигурни дека сте намалиле на 300 до 500 калории помалку, не повеќе од тоа.
Плус, бидете сигурни дека не внесувате помалку од 1.200 калории, ако сте жена и 1.500 калории, ако сте маж.
Диетите не успеваат, но здравиот режим на исхрана да
Откажете се од диетите, ако гледате дека не функционираат. Најдобро е да се посветите на тоа да јадете што е можно поздраво, да ги внесувате сите потребни материи и со текот на времето успешно ќе можете да се ослободите од вишокот килограми.
Н. Г. | Црнобело