Појадоци кои треба да ги избегнувате за да не ја зголемите тежината
Житарици или гранола? Јајца или нешто со јаглехидрати? Јогурт? Шолја кафе? Изборот на појадок може најмногу да влијае на тоа дали ќе имате витка става или не.
Па, затоа, секое утро одберете богат, здрав и обилен појадок кој долго ќе ве држи сити.
Еве што треба да одбирате, а што не, за појадок:
1. Избегнувајте гранола, појадувајте чисти житарици
Гранолата содржи многу скриен шеќер, но ако решите да ја направите дома од житарици ќе имате далеку поздрав избор (комбинирајте житарици, лешници, кокос, цимет и мед и имате готова домашна вкусна гранола).
2. Наместо помалку масни млечни производи, бирајте полномасни
Секогаш е најдобро да одбирате полномасни млечни производи за појадок.
3. Јаглехидратите заменете ги со протеини
Меѓу другото, протеинскиот оброк е далеку поздрав и ќе ве држи сити подолг временски период. Па на пример, за појадок добро е да одбирате јајца.
4. Не појадувајте само белки, туку цели јајца
Жолчката содржи холестерол и повеќе масти, но тоа не значи дека целосно треба да престанете да ја консумирате.
5. Купечкиот сок од портокал заменете го со домашно цеден
Купечките сокови секогаш имаат повеќе шеќери од домашните. Нив најдобро е да ги замените со свежо цедени сокови од портокал.
6. Наместо мусли бар, направете овесна каша со овошје
Првите содржат голема количина на шеќери, а домашно подготвената чинија на житарици со свежо или сушено овошје е не само помалку калорична, туку и далеку поздрава.
7. Не појадувајте во движење, туку дома
Не е добро да се движите додека појадувате, така не само што не внимавате на тоа колку калории внесувате, туку и не ја џвакате храната добро.
Совет плус: Никогаш не заборавајте да појадувате пред да го испиете утринското кафе.
Н. Г. | Црнобело