Двопек диета: Идеална за оние кои не можат да се откажат од леб
Двопек диетата, освен од двопек, како што и самото име укажува, е составена и од многу овошни сокови и чаеви.
После петтиот ден од диетата треба да направите одмор, но сепак во текот на деновите за одмор да не претерувате со храна.
После дводневната пауза, повторете го 5-дневниот циклус и повторувајте ја постапката сè додека не дојдете до посакуваната тежина.
1. ден
Појадок: 1 парче двопек, чаша кафе, јаболко
Ручек: 2 парчиња двопек, 2 чаши јогурт, 2 тврдо варени јајца, 1 домат
Вечера: 1 парче двопек, 1 чаша јогурт, 1 варено јајце, 1 домат
2. ден
Појадок: Исто како и претходниот ден
Ручек: 1 парче двопек, 1 чаша јогурт, 1 варено јајце, 1 домат
Вечера: Исто како и ручекот
3. ден
Појадок: Исто како и претходниот ден
Ручек: 1 парче двопек, 250 g свежо кравјо сирење, 1 чинија салата (зелка), 1 кисела краставичка, 1 домат
Вечера: 1 парче двопек, 125 g шунка, 1 домат
4. ден
Појадок: Исто како и претходниот ден
Ручек: 1 парче двопек, 3 парчиња говедско месо со зеленчук, 1 домат
Вечера: 1 парче двопек, 1 јајце, 1 чаша јогурт
5. ден
Појадок: Исто како и претходниот ден
Ручек и вечера: бело пилешко месо со многу зеленчук (подготвено без маснотии). Поделете го на два дела, од кои вториот ќе ви биде за вечера.
М. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:


