11 начини како брзо да ослабете, ако ве мрзи да вежбате
За да се ослободите од вишокот килограми, сè што треба да направите е да се ослободите од одредени навики и истите да ги замените со здрави алтернативи.
Како со малку труд, да го промените сопствениот изглед и да изгледате и се чувствувате добро?
1. Заменете ја конзервираната храна со замрзната
Во конзервите се ставаат дополнително шеќер и конзерванси, а немаат многу витамини. Од друга страна, замрзнатите овошје и зеленчук ги задржуваат здравите елементи и немаат дополнителни состојки кои дебелеат.
2. Заменете ги зашеќерените слатки со јаткасти плодови и сушено овошје
Заменете ги колачите и бонбоните со сушено овошје и јаткасти плодови. Така ќе се ослободите од вишокот шеќери кои ве дебелеат.
3. Јадете овошје со големи наместо мали семки
Праските, кајсиите, сливите сите тие овошја кои имаат една голема семка во центарот ги намалуваат нивоата на холестерол во крвта и така полесно го губите вишокот килограми.
4. Не го употребувајте лифтот
Ако престанете да го употребувате лифтот и наместо него започнете да се качувате по скали, за само еден месец ќе почувствувате разлика во здравјето, па и во бројот на килограми.
5. Хулахоп наместо чипс
Седите пред телевизорот и морате да грицкате нешто? Наместо тоа започнете да стоите пред телевизорот и да вежбате со хулахоп. Така ќе ја замените потребата за јадење со здрава спортска активност.
6. Заменете ги десертите со многу калории со десерти со помалку калории
Ако сакате да се ослободите од вишокот килограми, морате да се ослободите и од вишокот калории кои секојдневно ги внесувате. Обидете се овошниот јогурт, на пример, да го замените со овошна салата.
7. Кажете „не“ на масните сосови
На пример, мајонезот заменете го со кисела павлака.
8. Одберете го вистинското кафе
Направете една многу едноставна работа, омиленото капучино или макијато кои содржат многу маснотии од млекото и шеќерите, заменете ги со обично црно кафе. Ќе изгубите многу калории, а со тоа и килограми.
9. Ужина пред оброк
Кога грицнувате по ресторани многу често можете да внесете и до 1.000 калории повеќе отколку што ви се потребни дневно. Но, наместо оние брзите масни оброци, одберете, на пример, салата. Или на пример, каснете само неколку парчиња пица, наместо цела.
10. Ароматерапија
Добро познато е дека различни мириси можат да го зголемат вашиот апетит. На пример, мирисот на банани, јаболка или круши може да ви го намали апетитот. А, слатките да го зголемат.
11. Лесна супа, наместо цел оброк
Ако сте гладни, обидете се да изедете една супа, така ќе бидете полни, а килограмите брзо ќе почнат да се намалуваат.
Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:


