Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Во кој период од денот смеете да јадете нездрава храна без да ја попречите диетата?

Секоја диета подразбира одрекување од одреден вид храна, особено од калоричните јаглехидрати и маснотии кои се најголемите причинители на здебелување. 

vo-koj-period-od-denot-smeete-da-jadete-nezdrava-hrana-bez-da-ja-poprecite-dietata-001.jpg

Но, добрата вест е што постои ситуација во која смеете да ја „измамите“ диетата, а да не се каете. Односно, постои начин да не го расипете процесот на слабеење.

Спротивно од она што досега сте го слушале, не морате да се откажете од печивата, белите тестенини, сладоледот и маслото додека сте на диета. Всушност, постои одредено време во денот кога смеете да се почестите со омилената храна, а тоа да не ви влијае врз слабеењето. Само, треба да внимавате да не „грешите“ секој ден.

Најдоброто време за јадење јаглехидрати е за време на појадокот, а маснотиите нема да ви наштетат ако ги јадете во 10 часот наутро. На тој начин организмот има доволно време во текот на денот да ги потроши внесените калории.

Ако сакате да ослабете и да ја одржувате посакуваната телесна тежина, добро е да јадете во одреден временски период од денот. Појадокот треба да го јадете 1 час по будење, ручекот отприлика 4 и пол часа подоцна, а неколку часа после тоа е совршено време за вечера.

Ако правите преголеми паузи меѓу оброците, голема е веројатноста постојано да бидете гладни, а колку повеќе сте гладни – толку е поголема веројатноста дека нема да одолеете на слатките забранети задоволства.

Исто така, за да не легнувате со полн стомак несварена храна, внимавајте вечерата да ја јадете најмалку 3 часа пред спиење. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„Ослабев откако почнав да јадам по 5.000 калории дневно – консумирам само месо и јајца“ Жена од Англија вели дека го добила телото од соништата откако почнала да јаде с...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е лунарна (месечева) диета + на кои датуми се држи во 2025-та? Лунарната (или месечева) диета претставува 24-часовен пост според месечевите фаз...
Помага во слабеење, а го подобрува и здравјето: Што е антивоспалителна диета? Антивоспалителната диета се фокусира на намирници кои ги намалуваат воспаленијат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg