Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Топчиња од памук натопени во сок - 5 најчудни диети за слабеење

Желбата да се има добра фигура, да се биде згоден и во топ форма, неретко ја попречуваат многубројни искушенија – вкусна храна, немањето доволно време и волја за вежбање, стресот од секојдневието.

Topcinja-od-pamuk-natopeni-vo-sok-5-najcudni-dieti-za-slabeenje-01.jpg

Но, најупорните секогаш ја остваруваат целта, а некои воопшто и не бираат соодветни методи.

Така веројатно се изродиле овие 5 исклучително чудни и бизарни диети, а нам ни останува само да се запрашаме – кој при здрав разум ги практикувал истите?

Еве како изгледаат...

1. Диета со дрвен јаглен

Правило: Можете да пиете овошен сок кој содржи активен јаглен кој ќе го вметнете како додаток во редовната исхрана.

Образложение: Човечкото тело не може да апсорбира активен јаглен, така што тој само поминува низ дигестивниот систем. Но попатно, ги собира сите токсини и ги отстранува сите пестициди и нечистотии од организмот. Оние кои ја практикуваат диетата велат дека активниот јаглен го поттикнува варењето на храната, го подобрува фукнционирањето на органите и изгледот на кожата.

Реалност: Во заблуда сте дека ги исфрлате токсините од телото, бидејќи активниот јаглен не поминува низ целото тело, туку само низ цревата, каде што, за жал, може да се спои и со хранливи материи и да ги уништи. Всушност, нашето тело одлично ги обработува и исфрла токсините и доколку сакате да ги намалите истите, избегнувајте процесирана и хемиски обработена храна.

2. Диета со бебешка храна

Правило: Дозволено е јадење на 16 теглички бебешка храна дневно, покрај еден редовен мал оброк.

Образложение: Јадењето бебешка храна создава калориски дефицит, што значи автоматско губење на килограмоте и ослободување на телото од токсини. Покрај тоа, бебешката храна е минимално процесирана и прилично здрава како оброк.

Реалност: Со причина оваа храна има етикета – бебешка! Слободно прашајте ги луѓето кои имаат нормална тежина и здраво тело дали консумираат бебешка храна. Оваа диета е просто смешна. Замислете како одите во ресторан или на гости и вадите 5 теглички бебешки кашички.

3. Диета „Сина визија“

Правило: Може да јадете сè, додека носите очила со сино затемнети стакла.

Образложение: Теоријата вели дека храната со променета боја автоматски влијае врз апетитот и ја прави помалку привлечна, а тоа значи дека ќе изедете помалку, за разлика од реалната боја на помфритот, месото, зрелите производи кои нè мамат.

Реалност: Можеби навистина делува. Вреди да се проба, бидејќи реално не постои никаков здравствен ризик. Единствената лоша страна, е што ќе изгледате прилично смешно со вашите сини очила за намалување на апетитот.

4. Диета со коцки мраз

Правило: Се „јаде“ по еден литар мраз во облик на коцки секој ден, односно пожелно е полека да ги топите во вашата уста, наместо да ги џвакате.

Образложение: Топењето на мраз во устата согорува калории и е пријатна замена за ужинка. Коцка мраз, наместо коцка чоколадо. Супер идеја, нели?

Реалност: Вистината е дека треба да се пијат повеќе течности за ефектно слабеење и намалување на апетитот, но колку коцки мраз може да се направат од еден литар вода? Го имате луксузот да седите цел ден дома и да топите коцки мраз во устата?

topcinja-od-pamuk-natopeni-vo-sok-5-najcudni-dieti-za-slabeenje-01.gif

И најбизарното за крај:

5. Диета со памучни топчиња или хартиени марамчиња

Правило: Се јадат по 5 памучни топчиња, или соодветна количина на мека хартија, натопени во сок од портокал, лимонада или смути во текот на еден оброк.

Образложение: Стомакот се полни со „храна“, а не внесувате воопшто калории, што значи дека не се дебелеете.

Реалност: Оваа диета е вистинска лудост. Можете само да замислите што им прават памучните топчиња на желудникот и цревата.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„Ослабев откако почнав да јадам по 5.000 калории дневно – консумирам само месо и јајца“ Жена од Англија вели дека го добила телото од соништата откако почнала да јаде с...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е лунарна (месечева) диета + на кои датуми се држи во 2025-та? Лунарната (или месечева) диета претставува 24-часовен пост според месечевите фаз...
Помага во слабеење, а го подобрува и здравјето: Што е антивоспалителна диета? Антивоспалителната диета се фокусира на намирници кои ги намалуваат воспаленијат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg