Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што јаде најпознатата Инстаграм фитнес ѕвезда секој ден?

Во текот на денот на поголемиот дел од нас ни се случува да сме презафатени со обврски како на работното место, така и со домашните одговорности и активности, па често може да ви се случи да немате време да подготвите здрав оброк.

shto-jade-najpoznatata-instagram-fitnes-dzvezda-sekoj-den-001.jpg

Како инспирација можете да ја искористите Kayla Itsines една од најпознатите фитнес блогерки која споделува како изгледаат нејзините типични оброци во текот на еден ден.

Појадок

„Наутро или имам некакво деловно патување или ги тренирам моите клиенти уште во 6 часот, па станувам во 5 часот за да направам објава на Инстаграм и потоа се упатувам кон кујната да подготвам некој брз оброк кој ќе ја држи мојата енергија на високо ниво“ – вели Кајла.

„Со оглед на тоа што станувам многу рано и немам многу време за долги подготовки, најчесто одбирам едно парче интегрален леб со јајце на око“ – додава.

Нејзиниот појадок продолжува по завршувањето на тренингот со клиентите: „Јадам уште две дополнителни парчиња интегрален леб со уште едно јајце на око, авокадо со лимон, домати и спанаќ. Важно е добро да појадувате и да комбинирате производи кои ќе ви овозможат разноврсни хранливи материи“ – продолжува Кајла.

shto-najpoznatata-instagram-fitnes-dzvezda-jade-sekoj-den-001.jpg


Ручек

Ручекот најчесто и се состои од салата и протеини: „Салатите се многу лесни за подготовка дома или да ги купите од најблискиот супермаркет. Ако правам домашна салата, најчесто употребувам: туна или пилешко, краставица, бибер, босилек, кромид, моцарела и киноа“.

shto-najpoznatata-instagram-fitnes-dzvezda-jade-sekoj-den-2.jpg


Ужина

За ужина Кајла секогаш се одлучува за некакво овошје. Меѓу омилените и е мангото, бидејќи содржи големи количини на витамини Ц и А. Потоа продолжува со вежбањето, односно веднаш по ужината вежба 28 минути.

shto-najpoznatata-instagram-fitnes-dzvezda-jade-sekoj-den-3.jpg


Вечера

„Секогаш се радувам на вечерата, бидејќи тоа е дел од денот кога целосно се релаксирам и се препуштам на моите потреби. При изборот на вечера секогаш користам различни производи и состојки. Некои од моите омилени оброци се: пилешко во кари сос и ориз, печено телешко со зеленчук, морска храна или риба и комплексни јаглехидрати“ – вели Кајла.

shto-najpoznatata-instagram-fitnes-dzvezda-jade-sekoj-den-4.jpg

shto-jade-najpoznatata-instagram-fitnes-dzvezda-sekoj-den-4.jpg

Би можело да ве интересира:

„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
„Ослабев откако почнав да јадам по 5.000 калории дневно – консумирам само месо и јајца“ Жена од Англија вели дека го добила телото од соништата откако почнала да јаде с...
Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...
Помага во слабеење, а го подобрува и здравјето: Што е антивоспалителна диета? Антивоспалителната диета се фокусира на намирници кои ги намалуваат воспаленијат...
Што е лунарна (месечева) диета + на кои датуми се држи во 2025-та? Лунарната (или месечева) диета претставува 24-часовен пост според месечевите фаз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg