Што треба секогаш да имате во фрижидерот доколку сакате да ослабете?

Се одлучивте ова лето да ја намалите вашата тежина? Започнете со пополнување на фрижидерот со здрави состојки кои ќе ја заменат брзата храна и грицките.

sto-treba-sekogas-da-imate-vo-friziderot-dokolku-sakate-da-oslabete-01

Овошје

Овошјето е секогаш најдобрата ужинка која бргу ќе ве засити. Купувајте сезонско овошје. Јаболката, портокалот и крушите се секогаш добредојдени. И секогаш чувајте замрзнати боровинки малини и капини.

sto-treba-sekogas-da-poseduvate-vo-friziderot-dokolku-sakate-da-namalite-nekoj-kilogram-1.jpg


Готови протеини

За оние денови кога постојано се чувствувате гладни, но немате време за готвење, погрижете се секогаш да имате “инстант„ протеини без да навалите на јадење на нездрава и брза храна. Пилешкото чувајте го истолчено и маринирано во стаклени садови. Чувајте конзерви туна од кои бргу ќе направите туна салата или сендвич. Слободно купувајте конзерви готов црн грав од кој ќе направите брза салата. И гравот е одлична протеинска храна. 

sto-treba-sekogas-da-poseduvate-vo-friziderot-dokolku-sakate-da-namalite-nekoj-kilogram-2.jpg


Зеленчукот сецкајте го

Покрај овошјето и заленчукот претставува одлична ужина и извор на здрави идеи за грицкање. Во фрижидерот добро е секогаш да имате ситно исецкани и излупени моркови кои ќе бидат готови за конзумирање. Покрај тоа секогаш можете парче краставица да каснете со малку сол. Истите ќе бидат добра замена за чипсот.

sto-treba-sekogas-da-poseduvate-vo-friziderot-dokolku-sakate-da-namalite-nekoj-kilogram-3.jpg


Лимонски напитоци

Во шише со вода исцедете лимон и додадете ѓумбир. Оваа напивка добро е секогаш да ја имате при рака и во текот на денот на пиете малку по малку.

sto-treba-sekogas-da-poseduvate-vo-friziderot-dokolku-sakate-da-namalite-nekoj-kilogram-4.jpg


Јогурт

Наместо високо калорични десерти купете големи количини на јогурт. Покрај тоа што е здрав за вашите коски, од него може да направите одлични слатки напитоци кои ќе ги заменат колачите. Слободно додадете овошје и лажичка мед и готови сте.

sto-treba-sekogas-da-poseduvate-vo-friziderot-dokolku-sakate-da-namalite-nekoj-kilogram-5.jpg


Јајца

Предходно сварени јајца секогаш се добра идеа за брз, здрав и високо протеински појадок кој ќе ве држи сити долг период.

sto-treba-sekogas-da-poseduvate-vo-friziderot-dokolku-sakate-da-namalite-nekoj-kilogram-6.jpg


Хумус

Оваа високо протеинска каша е одлична замена за мајонезот и високо калоричните намази. Комбинирајте ја со зачини и маслиново масло и може да добиете одличен дресинг за сите свежи салати.

sto-treba-sekogas-da-poseduvate-vo-friziderot-dokolku-sakate-da-namalite-nekoj-kilogram-7.jpg


Спанаќ

Спанаќот нужно е да ви биде хранливата состојка која ќе се најде во секоја пица, паста или сендвич. Нека биде основа на секое јадење и вашиот вид и општо здравје, значително ќе се подобрат.

sto-treba-sekogas-da-poseduvate-vo-friziderot-dokolku-sakate-da-namalite-nekoj-kilogram-8.jpg


Бадемово млеко

Како замена за обичното полномасно млеко користете бадемово или соино млеко. Истите се богати со протеини и што е најважно не се високо масни напитоци. Сега со сигурност можете да го пиете вашето кафе со повеќе лажички млеко.

sto-treba-sekogas-da-poseduvate-vo-friziderot-dokolku-sakate-da-namalite-nekoj-kilogram-9.jpg

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg