Во четврток имала 72 килограми, а во сабота 67: Како оваа жена ослабела 5 килограми за 2 дена?
Многу жени се мачат со вишокот килограми, а повеќето од нив немаат време редовно да вежбаат и да држат строги, ригорозни диети.
Рамиза Терзимехиќ е жена која одлучи со сите жени читателки да го сподели своето искуство како за 2 дена успеала да ослабе 5 килограми. За чудо, тоа го постигнала со само еден едноставен пијалак.
Нејзин најголем сојузник во борбата со килограмите бил магдоносот кој сите го имаме дома.
Неговата количина во јадењата е неверојатно мала, па затоа не е доволна за да ги исфрли вишокот наталожени течности.
„Магдоносот е чудо. Во четвртокот имав 72 килограми, а два дена потоа - 5 килограми помалку! Не се работи за килограмите, туку за насобраните течности кои го напуштија телото. Сега се чувствувам супер лесно,“ раскажува Рамиза.
Нејзиниот рецепт за чај од магдонос е многу едноставен: во 1 литар зовриена вода ставете 5 лажици ситно сечкан магдонос. Чајот оставете го да отстои 20 минути, а потоа процедете или пијте заедно со ливчињата ако не ви пречат.
„За чајот од магдонос се одлучив заради проблемите со бубрезите. Сите ме советуваа да пијам увин чај, но од него ситуацијата не ми се промени драстично. Одлучив да го заменам со магдонос и така дојдов до неверојатните резултати.“
Чајот од магдонос може да се пие ладен или топол. Може да го пиете во било кој дел од денот, освен доцна навечер за да не станувате во текот на ноќта со желба за мокрење.
Консумирајте максимум 1 литар чај во денот. Во ништо не е добро да претерате.