9 работи кои слабите луѓе ги прават поинаку, а на вас може да ви помогнат да ослабете

Постојат многу опции, диети и режими на исхрана со кои можете да симнете некој килограм, но секогаш најпаметен избор е да ги следите стапките на слабите, витки и здрави лица.

9-raboti-koi-vitkite-luge-gi-pravat-poinaku-a-na-vas-moze-da-vi-pomognat-da-oslabete-01.jpg

Еве што ќе ви откријат ако ги прашате како успеваат да останат во топ форма:

1. Тие се трудат да го задржат моменталниот изглед

Ако изгубите неколку килограми не значи дека сте го решиле проблемот. Вистинскиот предизвик е да ја задржите посакуваната тежина, па затоа треба да се научите да јадете здраво и нормално.


2. Тие се физички активни

Луѓето кои остануваат фит по диетите, вежбаат барем 200 минути неделно. Не се важни вежбите, важна е активноста. Треба само да се движите, без разлика дали брзо ќе одите или ќе трчате.


3. Не поминуваат многу време пред телевизор

Како наоѓаат време за тренинг? Кратат од времето кое го поминуваат пред телевизорот. Слабите лица во просек поминуваат по 10 часа неделно пред екранот, додека оние кои се во постојана борба со килограмите поминуваат најмалку 30 часа.


4. Се држат до режимот на исхрана

Наместо да размислуваат дека треба да се откажат од нешто вкусно заради нешто здраво, тие мислат што следно да си подготват, а да биде здраво и хранливо.


5. Имаат поддршка

Кога луѓето веруваат во вашиот успех, сè е полесно. Обидете се да поканите некој пријател на заеднички тренинг, ќе видите колку подобро ќе се чувствувате.

9-raboti-koi-vitkite-luge-gi-pravat-poinaku-a-na-vas-moze-da-vi-pomognat-da-oslabete-02.jpg

6. Остануваат позитивни

Тие се фокусираат на позитивните резултати, не на она што ќе им го донесе слабеењето. На пример, никогаш нема да ги слушнете дека сакаат да бидат излезени наместо во теретана.


7. Тие спијат доволно

Ако добро се наоружате со сон и одмор, тогаш сигурно ќе имате поголемо расположение е желба за тренинг или подготвување здрав појадок. А и денот ќе ви тргне многу подобро.


8. Го следат својот напредок

Без разлика дали користат лист и хартија или апликации, тие го следат секој изгубен килограм или секој накачен. Само така можат да реагираат на време.


9. Тие не го осудуваат она што го гледаат на вагата

Важно е бројот на вагата да го гледате како информација, а не како нешто што ќе ве следи во текот на целиот ден. Тој број е лесно променлив, а слабите луѓе најдобро го знаат тоа.

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg