Трик од 10 секунди кој ќе ви помогне да ослабете
Иако има доста лица кои тврдат дека вагите за мерење не би требало да ни бидат пречесто достапни, новото истражување го докажа токму спротивното.
Ако сакате да ослабете што побрзо, мерете се што почесто.
Најновото објавено истражување кој го водела Елина Хелендер од универзитет во Финска, покажува дека жените кои си ја мереле тежината секојдневно, ослабеле многу побрзо од жените кои ја практикувале оваа навика еднаш во неделата.
Прочуениот тренер Маршал Рој исто така се согласува со оваа тактика и тврди дека резултатите ќе бидат видливи по само еден месец.
„Станете од кревет, измијте се и одма застанете на вага да се измерите. Ова нека ви стане секојдневна навика која полека ќе прерасне во рутина,“ вели Рој.
Истражувањата на оваа тема неколку пати до сега покажале дека испитаниците кои си ја мереле тежината имале во просек по 12 килограми помалку од оние кои ја немале таа навика.
Затоа ако секоја година се борите со празничните килограми, овој пат пробајте нешто поразлично и послушајте го советот - мерете се секојдневно!