Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Со само 4 лимони дневно, до eден килограм помалку неделно

Лимонот е одличен сојузник во борбата против вишокот килограми.

o-LEMON-BENEFITS-facebook

Со помош на оваа лимонова диета вие отстранувате по 1 килограм неделно, не од вашите мускули туку од масните наслаги. Oсвен килограмите, тој ќе го отстрани и вашиот целулит.

Лимонот е одлична основа за прочистување при држењето на диети, бидејќи ги отстранува отровите кои се собираат во телото.

Внесете го лимонот во вашето неделно мени:

Појадок (за сите денови): една чаша со лимон, 2 парчиња интегрален двопек и една лажица мармалад од лимон.

Понеделник

Ручек: печен ориз ( 70g) зачинет со лимонов сок, 2 лажици масло и 2 лажици пармезан, зелена салата (150g) со лимонов сок и лажица масло, овошна салата од сезонско овошје зачинета со половина лимонов сок.

Вечера: пржено телешко месо и шунка со едно парче лимон, интегрално печиво, спанаќ зачинет со една лажица масло и сок од половина лимон.

Вторник

Ручек: риба со малку масло и лимонов сок, интегрално печиво, грав со половина лажица масло и еден исцеден лимон; една чинија јагоди со половина лимон и шеќер по вкус.

Вечера: пилешки гради (150g) пржени во тавче со малку масло, зачин и неколку капки лимонов сок, печени пиперки зачинети со лимонов сок и малку масло и интегрално печиво.

Среда

Ручек: шпагети (70g) со сос и лимон, зелена салата (150гр) зачинета со сок од половина лимон и една лажица масло; една чинија јагоди со половина лимон.

Вечера: морска храна зачинета со сок од половина лимон и една лажица масло, интегрално печиво.

so-sam0-4-limoni-nedeln-do-eden-kg-pomalku-nedelno-2

Четврток

Ручек: мешана салата од 40g моцарела, 30g туна, 5 маслинки и еден лимон, варен грав заедно со една лажица масло и половина исцеден лимон. Овошна салата, освен банана и грозје, со сок од половина лимон.

Вечера: морска риба (по желба) пржена на тава со една лажица масло и еден исцеден лимон, мешана зелена салата(150g) со сок од лимон, 2 мали варени компири со една лажица масло.

Петок

Ручек: телешко месо (120g) пржено во тавче со малку масло и еден лимон, интегрално печиво и варен грав со лимонов сок и една лажица масло.

Вечера: варен ориз со 2 лажици масло и лимонов сок, зелена салата (150g) со лимонов сок и една лажица масло.

Сабота

Ручек: варен спанаќ зачинет со една лажица масло и сок од половина лимон; интегрално печиво или житарки.

Вечера: ориз со повеќе врсти зеленчук, кашкавал (20g), пршута ( 20g), масло и лимон; салата од свежо овошје, освен банани и грозје.

Недела

Ручек: тестенини (70g), малку масло и лимонот консумирајте го исечкан, доколку ви е кисел комбинирајте го со шеќер. За ужина портокал или грејпфрут кои содржат витамин Д.

Вечера: интегрално печиво, крекери или житарки, варен спанаќ зачинет со сок од лимон и една лажица масло. 

so-sam0-4-limoni-nedeln-do-eden-kg-pomalku-nedelno-3

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg